Радиобранови

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Приказ на продовливоста (или одбојноста) на Земјината атмосфера при различни бранови должини на електромагнетно зрачење, вклучувајќи ги радиобрановите.

Радиобрановите се вид на електромагнетно зрачење чијашто бранова должина, во електромагнетиот спектар, е поголема од инфрацрвената светлина. Како и сите други електромагнетни бранови, така и радиобрановите се движат со брзина на светлината. Природно, радиобрановите се добиваат од молњи или астрономски објекти. Вештачки добиените радиобранови се користат за фиксна, мобилна и сателитска комуникација, сметачки мрежи и останати навигациски системи. Различни фреквенции на радиобрановите имаат различни карактеристики на пропагција во атмосферата на Земјата. Долгите радиобранови можат константно да покриваат одреден дел од Земјата, кратките радиобранови можат да се одбиваат надвор од јоносферата и да патуваат околу светот, најкратките радиобранови многу малку се одбиваат.

Содржина

[уреди] Откривање и искористување

Радиобрановите прв ги предвидел Џејмс К. Максвел во 1865 г. Тој забележал светлина која има карактеристики на бран и сличности при електричните и магнетните набљудувања. Потоа тој предложува равенки кои ги опишуваат светлинските и радиобрановите како електромагнетни бранови кои патнуваат низ просторот. Во 1887, Хајрих Херц успеал да создаде радиобранови во својата лабораторија.[1] Во годините што следуваат, се создаваат многу пронајдоци во кои радиобрановите се користат за пренесување на информации во просторот.

[уреди] Создавање

Одбивањето, прекршувањето, поларизацијата, дифракцијата и апцорпцијата се многу важни при изучувањето на радиобрановите и како тие се движат во просторот. На различни фреквенции се добиваат различни вредности на погоре наведените појави, а со нивна комбинација некои радиобранови стануваат покорисни, за определени цели, од други.

[уреди] Радиокомуникација

За да се добие радиосигнал, на пример од AM/FM радиостаници, мора да се користи радиоантена. Откако антената, во еден временски период, ќе прифати илјадници радиосигнали, радиоприменикот мора да се вклучи во одреден фреквентен опсег. [2] Ова најчесто се прави со резонатор. Тој се поставува да резонира на истиот фрекфентен опсег, со што синусните бранови, во тој опсег, се засилуваат а се игнорираат сите останати. Најчесто корисникот може да ја смени фреквенцијата на резонирање. [3]

[уреди] Во медицината

Повеќе од 75 години, енергијата од радиофрекевенцијата се користи за медицински третмани. [4] Магнетната резонанца користи радиобранови за добивање слики од човечкото тело. [5]

[уреди] Поврзано

[уреди] Наводи

  1. Heinrich Hertz: The Discovery of Radio Waves
  2. Brain, Marshall (2000-12-07). "How Radio Works". HowStuffWorks.com. Retrieved 2009-09-11.
  3. Brain, Marshall (2000-12-08). "How Oscillators Work". HowStuffWorks.com. Retrieved 2009-09-11.
  4. Ruey J. Sung and Michael R. Lauer (2000). Fundamental approaches to the management of cardiac arrhythmias. Springer. стр. 153. ISBN 9780792365594.
  5. Melvin A. Shiffman, Sid J. Mirrafati, Samuel M. Lam and Chelso G. Cueteaux (2007). Simplified Facial Rejuvenation Springer. p. 157. ISBN 9783540710967.


Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици