Радиоастрон
| 300п | |
| Лансирано на | 18 јули 2011 |
|---|---|
| Орбитални елементи | |
| Апоцентар | 390.000 км |
| Перицентар | 10.000 км |
Радиоастрон (или Спектар-Р, рус. „Спектр-Р“) е руски вселенски радиотелескоп, изработен со средства од Австровселенскиот центар на РАН, а лансиран во Земјината орбита на 18 јули 2011,[1] со перигеј од 10.000 км и апогеј од 390.000 км.[2][3]
„Радиоастрон“ е дело на повеќе установи: Австровселенскиот центар на физичкиот институт „П.Н. Лебедев“ при Руската академија на науките, НПО Лавочкин и Роскосмос во соработка со разни руски и меѓународни организации. Работата на проектот траела повеќе од 20 години.
Оваа астрофизичка вселенска опсерваторија е наменета за радио-астрофизичко набљудувања на вонгалактички објекти со ултрависоко разложување (резолуција) со радиоинтерферометриски методи, во содејство со земски радиотелескопи во брановодолжински опсег од 1,35 – 6,0; 18,0; 92,0 см, како и истражување на својствата на краземјината и меѓупланетарната плазма.[4] Радиоастрон ќе овозможи набљудување на вселената со извондредно високо аголно разложување. Со ова се ветува разоткривање на загатките на длабоката вселена. Радиоастрон е најголемиот телескоп во вселената. Телескопот има облик на цвет, лиишто 27 листови се отвораат во рок од 30 минути.[5]
При лансирање, леталото имало маса од 5.000 кг. За превоз е употребена носечка ракета „Зенит-2SLБ“ со горен степен „Фрегат-2СБ“.[6] Главната научна цел на мисијата е изучување на разни астрономски објекти при аголно разложување од неколку милионити делови од една лачна секунда.
Носечката ракета на опсерваторијата е лансирана од платформата 45 на космодромот Бајконур на 18 јули во 06:31 MSK.[7]
Поврзано [уреди]
Наводи [уреди]
- ↑ „Руски сателит на задача да гледа во црни дупки“, SpaceFlight, 18 јули 2011 (проверено на 18 јули 2011). (англиски)
- ↑ „Опис на проектот „Радиоастрон““. http://www.asc.rssi.ru/radioastron/description/status_eng.htm. проверено на 28 февруари 2008. (англиски)
- ↑ „Опис на проектот „Радиоастрон“ - Орбита“. Институт за вселенско истражување на РАН. http://www.asc.rssi.ru/radioastron/description/orbit_eng.htm. проверено на 28 февруари 2008. (англиски)
- ↑ „Радиоастрон“. Роскосмос. http://www.federalspace.ru/main.php?id=25. (руски)
- ↑ „Патувачкиот вселенски телескоп ќе ги собори границите на човековите сознанија“. Russia Today. http://rt.com/news/radioastron-telescope-launch-space/. (англиски)
- ↑ „Конструкција на вселенското летало“. Австровселенски центар на физичкиот институт „П.Н. Лебедев“. http://www.asc.rssi.ru/radioastron/description/design_eng.htm. (англиски)
- ↑ „Руското научно-истражувачко летало „Спектар-Р“ е успешно лансирано од Бајконур“. Роскосмос. http://www.federalspace.ru/main.php?id=2&nid=12006. проверено на 18 јули 2011. (руски)
Надворешни врски [уреди]
- Домашна страница на „Радиоастрон“ (англиски)