Радиестезија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Трагач со рашлји од 18 век, цртеж во француска книга за суеверие.

Радиестезија е паранормална или парапсихолошка способност да се „измери радијација“ со помош на човечкото тело. Под радиестезија се подразбира и користење на помошни предмети како рашлји или висок за да се лоцира нешто под земјата или да се дијагностицира болест и слично. Секој радиестезист треба сам да одбере алат, кој најдобро му одговара т.е, со кој најдобро и најточно ќе изврши детекција на просторот. Значи се работи за субјективен метод на детекција. Зборот радиестезија доаѓа од францускиот јазик - radiésthesie.

Употреба на рашлји[уреди]

Кога човекот првпат почнал да користи рашлји (гранка од дрво во форма на Y), тешко е да се каже. Се смета дека се користени во древна Кина, каде посебно школуваните царски службеници ги испитувале терените за градба на населби, за да се избегне да бидат изградени на места на кои делуваат „зли сили што носат болест и несреќа”. Цивилизациите на Келтите, Етрурците, Египќаните, Персијците, Медејците и Римјаните се користеле со способностите на поединците на одредени места да пронајдат вода или да одредат здрави места на кои ќе се градат храмови и куќи.

Во средниот век рашлјите сè повеќе почнале да се употребуваат за откривање на поземни руди. Се користеле таканаречени „самовилски рашлји”, но употребата на оваа техника се сметала за вештерство. Дури во почетокот на 19 век, од овој феномен е отстранета мистичноста.

Во денешно време наместо дрвени рашлји често се користат две бакарни прачки, кои во присуство на зрачење се вкрстуваат, а во неутрално поле остануваат рамни. Радиестезијата претставува гранка во Геобиологијата, денес се почесто се изучува и применува во секојдневието.

Употреба на висок[уреди]

Високот е најчест алат што го користат радиестезистите. Се држи во едната рака, додека другата рака служи како антена. Радиестезистот може ментално или на глас да поставува прашања и со одредено вртење на високот, ги добива одговорите кои се сведуваат на „да“, „не“ или „можеби“ (ни да ни не).

Мерење на штетни зрачења[уреди]

Радиестезистите најчесто работат на детектирање на штетните зрачења (електро-магнетни зрачења) и препорачуваат добро место за спиење. Мерењето на штетните зрачења може да се изврши на два начина:

  • директно - со помош на алатки,
  • индиректно - преку реакциите на телото.

При индиректното мерење, организмот на радиестезиологот реагира преку промена на пулсот, притисокот, електричната отпорност на кожата итн. Реакциите не се со ист интензитет кај сите луѓе. Теоретски, искусен радиестезиолог може да регистрира, детектира било каков динамички образец, вибрација, т.е. енергетска информација.

Сепак, денешната наука радиестезијата ја смета за вид на шарлатанство.