Пoтполошка
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Препелица, потполошка | |
|---|---|
| Научна класификација | |
| Царство: | Животни |
| Колено: | Хордати |
| Класа: | Птици |
| Ред: | Кокошковидни |
| Фамилија: | Фазани |
| Род: | Препелици |
| Вид: | Обична препелица |
| Биномен назив | |
| Coturnix coturnix (Линеј, 1758) |
|
Обичната потполошка (лат. Coturnix coturnix) е птица од фамилијата Фазани од редот Кокошки.
Откога ќе достигнат старост од 6-8 недели, овие видови препелици се коти на отворена обработлива земја и пасишта ширум сета Европа и Азија, со тоа што положуваат по 6-18 јајца на гнездо на земја. На јајцата им требаат 16-18 дена за да се испилат. Ова е мошне преселничка птица за разлика од речиси сите ловни птици, и презимува во Африка.
Ова е мала (17 cm) кружна птица, со кафени пруги и бела надочна линија, и, кај мажјаците, црна брада. Како што прилега на птица-преселница, препелицата има долги крила, за разлика од типично краткокрилите ловни птици.
Ова е земски вид, кој се храни со семиња и инсекти на земјата. Птицата е тешка да се забележи, бидејќи се крие по зеленилото, и се колеба да лета, туку претпочита да ползи. Дури и кога е истерана, препелицата се држи ниско и наскоро потоа се враќа на криење. Често единствениот показател за нејзиното присуство е специфичната повторлива песна на мажјакот. Овие извици ги испушта наутро, навечер и понекогаш ноќе.
Препелицата во големи броеви се лови како дивеч на преминување низ Средоземјето.
Во последни години овој вид бележи пораст на размножувањето во САД и Европа, меѓутоа ова е присутно кај хобистите.
Галерија [уреди]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Пoтполошка“ |