Пјаца

Од Википедија — слободната енциклопедија
Плоштад во Рим

Piazza (се чита пјаца) е отворен плоштад во град во Италија. Терминот може да се постовети со шпанскиот plaza. Piazza има различно значење во Британија и САД. Во Етиопија, се користи за означување на дел од град. Кога Ерл од Бедфорд го развил првиот приватно-финансиран јавен плоштад во Лондон, Covent Garden, неговиот архитект Иниго Џонс го опкружил со аркади, во италијански стил. Во лондонската аристократија, piazza се поврзува со аркадите (наречени пјаци), а не со самите плоштади.

Денес во Британија piazza главно означува отворен поплочен простор за пешаци, без трева или растенија, често сместен пред значајна градба или продавници.

Во САД, во раниот 19 век, piazza станало егзотичен назив за колумнизиран трем.

Piazza често се појавува како презиме кај италијанци и италијански-американци. Името потекнува од регионот околу Венеција. Голем дел од овие фамилии денес живеат во Калабрија, Сицилија и Венеција.

Поврзано[уреди | уреди извор]