Пушачко палто

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Пушачко палто направено од темнозелено кадифе комбинирано со соодветнен свилен шал

Пушачко палто (англиски: smoking jacket) е денес релативно ретка облека која е специјално обмислена за пушење тутун, обично во облик на лулиња и пури. Додека стиловите се разликуваат, класичното пушачко палто завршува на половината и обично се прави од кадифе или можеби свила, со преклопена јака, подвиткани ракави и закопчување со јамки. Обично се прават во богати бои како темноцрвена и темнозелена.

Пушачкото палто било мошне популарно во Викторијанското доба, кога служело како заштита на „осетливите носеви“ на дамите. Ова значело дека секој господин требал да го облече своето пушачко палто пред да оди да пуши, обично по вечерата. Од исти причини се користеле и пушачки капи, но многу поретко.

Компаративната реткост на сериозно и посветено пушење на лулиња или пури како и денешните моди се виновни за реткоста на оваа облека; релативно високата цена на квалитетни модели исто така е ограничувачки фактор за нејзината употреба. Освен во продавници за антиквирани облеки, пушачкото палто може да се набави со специјално порачка или од ретки продавници за џентлменска облека како Тарнбул & Асер во Лондон и нивните експозитури на други места.

Видете исто така[уреди]