Путер од кикирики

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај

Путер од кикирики (анг. Peanut butter) е прехранбен продукт што се добива од печени и ситно мелени кикирики во вид на паста, кон што е додадено растително масло.

Путер од кикирики

Ова е многу популарен производ во земјите од англиското говорно подрачје и нивните поранешни колонии: Канада, САД, Австралија, Велика Британија, Јужна Африка, Нова Гвинеја, Нов Зеланд, Филипини и Холандија.

Путерот од кикирики има големо количество белковини и погоден за исхрана на стари луѓе, кои поради проблемите со забите не се во можност да џвакаат месо и на тој начин да внесуваат протеини и белковини.

[уреди] Распространетост

Сендвич со путер од кикирики и џем

Скоро половина од вкупното производство на кикирики во 2001 година во САД било искористено за производство на путер од кикирики.[1]

Путерот од кикирики обично се користи за подготовка на сендвичи (се мачка леб со овој путер и потоа се додава џем), како и за голем број слаткарски производи, крeкери други продукти, каде е неопходно засилување на вкусот на кикирики.

24 јануари во САД се прославува како Национален дена на путер од кикирики.[2]

[уреди] Надворешни врски

[уреди] Наводи

  1. www.peanutbutterlovers.com (анг.)
  2. American Holidays, www.statesymbolsusa.org (анг.)
Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици