Пупин (кратер)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Пупин (кратер)
Координати 23° СГШ 11° ЗГД / 
Пречник 2 km
Длабочина 0,4 km
Колонгитуда 11° на изгрев
Епоним Михајло Пупин

Пупин (Pupin) е мошне мал месечев ударен кратер во источниот дел на пределот Море од Дожд (Mare Imbrium). Сместен е југоисточно од кратерот Тимохарис , и се нарекувал „Тимохарис K“ (Timocharis K) пред МАУ да му го даде името „Пупин“. Месечевото море близу Пупин инаку нема други забележителни кратери, и е речиси безличен, освен мошне слабо видлив зраковиден ударен материјал.

И покрај неговите привидно мали димензии, кратерот Пупин е всушност поголем од познатиот Баринџеров кратер во Аризона.

Наводи[уреди]