Пулпа
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Пулпата на забот (pulpa dentis) е најминијатурниот орган во човековото тело. Сместен е во шуплината на забот (cavum dentis) и од секаде е обиколена со дентин, освен во пределот на отворот на врвот на коренот на забот (foramen apicis dentis) преку кој навлегуваат крвни садови и нервни влакна. Пулпата е ретко сврзливо ткиво.
Содржина |
[уреди] Функции на пулпата
1.Дентиногена Функција - учествува во создавање на дентин. 2.Нутритивна или хранителна функција - се остварува преку нервните влакна и крвни садови. 3.Заштитна или одбрамбена функција - пулпата реаѓира на механички, термички, бактериски, хемиски и други фактори со болка.
[уреди] Структурна организација на забната пулпа
[уреди] 1.Одонтобластен слој
Тоа е слој, составен од цилиндрични клетки (одонтобласти) кои се движат по површината на забната пулпа на границата со дентинот. Од одонтобластите излегуваат Томесови процесуси кои навлегуаат во дентинските каналчиња и учествуваат во неговата исхрана.
[уреди] 2.Субодонтобластен слој
Се состои од: 1.Ацелуларна зона - Веилова Зона и 2.Клеточна зона - Хохлова зона. Во Веиловата зона се наоѓа мрежа на нервни влакна - Решкова мрежа. Под Веиловата зона се наоѓа Хохловата клеточна зона во која се наоѓаат повеќе типови на клетки од кој најзастапени се фибробластите.
[уреди] 3.Средишен дел
Тоа е дел од забната пулпа во кој се наоѓаат клетки, крвни садови, нервни влакна, лифмни садови, ретикуларни, колагени и еластични влакна кој се потопени во водена маса.
Во пулпата може да се сретнат и недиференцирани клетки кои понекогаш во зависност од потребите може да се диферецираат.
