Пуковско

Од Википедија — слободната енциклопедија

Иго Тричковиќ е приградска населба на Куманово, која се наоѓа во источниот дел на градот, населена со чисто македонско население. Името го добила по Иго Тричковиќ партизан во Народно Ослободителната Војна, кој живеел во тој дел на град Куманово односно во соседното село Тромеѓа.Непосредно пред Втората светска војна Иго Тричковиќ станува член на Комунистичката партија на Југославија и како таков, со оглед дека работел со жандармите, на Партијата ѝ правел големи услуги, пружајќи ѝ разни исвестувања. Работел неуморно на село и создавал симпатизери на КПЈ. Формирал и споствена група. Во октомври 1941 година, по одлуката на Месниот комитет на КПЈ во Куманово, останал да работи на терен. Неговата куќа требало да служи како база, што подоцна и станала. До полн израз чичко Иго дошол по исфрлувањњето на Вториот кумановски партизански одред. Во визбата на својата куќа, вешто изградил скривница. Првите гости партизани во неговата скривница му биле Христијан Тодоровски – Карпош, Тоде Думба, Димче Домузлиски и Ангел Лазаревски – Шајче, по палењето на општинската зграда во селото Орах. Потоа од неговата куќа, заминале во НОВ многу борци или членови на АСНОМ.

Во народот населбата е позната како Пуковско, оти се верува дека на 11 Октомври 1941 кога тргнала групата партизани од куќата на чичко Иго од село Тромеѓа поминувајќи во ова место првата пушка пукнала баш тука во населбата Иго Тричковиќ и така местото останало меѓу населението познато како Пуковско.

Познати места во населбата се: ресторанот "Сараевски Валтер" и основното училиште "Христијан Тодоровски Карпош", Иго Тричковиќ има и локални граници и со населбите Перо Чичо(Банево Трло), Ајдучка Чешма а исто така и со селото Тромеѓа во Старо Нагоричане.