Птоломеј XV Цезарион

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Птоломеј XV)
Слободните Клеопатра VII и нејзиниот син Птоломеј XV Цезарион во храмот во Дендера, Египет

Птоломеј XV Цезарион (23 јуни 47 п.н.е.- август 30 п.н.е.) бил крал на Египет, последниот крал од Птоломејската династија, а со тоа и последниот македонски крал на територијата освоена од Александар III Македонски. Тој на власт дошол само со 3 години, на 2 септември 44 г.п.н.е. кога на престолот застанал заедно со својата мајка Клеопатра VII. Но, во август 30 г.п.н.е. и двајцата биле убиени од Октавијан.

Птоломеј XV бил најстариот син на кралицата Клеопатра VII, а на неговото име често се среќава и наставката „Цезарион“ што историчарите го објаснуваат со можноста дека тој бил син на Гај Јулиј Цезар, по чиешто презиме и ја добил таа наставка.