Псоријаза

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Псоријаза
Класификација и надворешни извори
Psoriasis on back1.jpg
Лице чии грб и раце се афектирани од псоријаза
МКБ-10 L40
МКБ-9 696
OMIM 177900
DiseasesDB 10895
MedlinePlus 000434
eMedicine emerg/489 Dermatology:derm/365 plaque
derm/361 guttate
derm/363 nails
derm/366 pustular
Arthritis derm/918
Radiology radio/578
Physical Medicine pmr/120
MeSH D011565

ПСОРИЈАЗА[уреди]

Псоријазата претставува хронично, незаразно, мултисистемско ( зафаќа повеќе органски системи), воспалително нарушување. Луѓето со псоријаза имаат генетска предиспозиција за оваа болест, која најчесто се одразува со промени на кожата на лакотот, коленото, скалпот ,лумбосакрална регија(половината) итн.

Зглобовите истотака можат да бидат зафатени и тоа се случува кај околку 30% од луѓето со псоријаза.Псоријазата има склоност да се зголемува или намалува во интензитет наеднаш, во зависност од факторите на околината и системските фактори, како што се стресни ситуации или инфекција.

Псоријазата е болест која е прeдизвикана од повеќе фактори, комплексна, но се смета дека главно влијание имаат генетските фактори и имуно посредуваните фактори. Тоа се докажува и при успешниот третман на псоријазата со имунопосредувани биолошки супстанци. Постојат повеќе теории за настанувањето, за момeнтот oд кога отпочнува развивањето на болеста(тригер фактор). Како тригер фактор се смета стресната ситуацијa во животот, инфекцијата во телото, трауматскиот настан. Сепак кај многу пациенти и не може да се посочи фактор кој го отпочнал процесот на развивање на псоријазата. Карактеристични за оваа болест се псоријатичните плаки кои се резултат на леукоцитна имобилизација во епидермисот (горниот поповршински дел од кожата) и дермисот (подлабокиот дел од кожата). Точно се работи за Т-клеточна хиперактивност(Т-cell) и проинфламаторни медијатори (IL 17/23) кои играат главна улога во настанувањето на псоријазата. Настанува и голема продукција на други проинфламаторни медијатори (TNF alfa, interferon gama, IL12).

Хистолошки промените настануваат заради васкуларно зголемување на површинските крвни садови кои се дилатирани (проширени) и нарушен клеточен циклус. Епидермална хиперплазија (зголемен број на клетки) води кон нивен поголем број, но несоодветно зреење. Нормалниот клеточен процес опфаќа 23 дена, а тука тој трае 3-5 дена. Клетките од гранулозниот слој на кожата нормално ги губат своите јадра, но кај ова нарушување ги задржуваат појава позната како ПАРАКЕРАТОЗА. Нарушено е ослободувањето на одредена количина на масти кои нормално имаат улога за зацврснување и спојување на слоевите на кожата. Без ослободување на мастите од клетките од епидермисот кои се променети настанува нарушено спојување на stratum corneum (површинскиот слој на кожата) што води кон создавање плаки и лупење.

Фрекфенција[уреди]

2-3% од светската популација е зафатена со псоријаза. Почеста за некој мал процент кај жените одколку кај мажите. Средна вредност на јавување на псоријазата е околу 28 година, 10-15% од заболeните се деца под 10 годишна возраст. Зацрвенета зона која е издигната над кожата со плака со сребрена боја која може да се лушти, јавување на повеќе такви зони, болка, чешање, без треска, постоење на претходна инфекција на грло или траума, фамилијарно предиспонирани, болка во зглобови (псоријатичен артритис).

Постојат повеќе различни типови на псоријаза, најчестата е карактеристична по нејзините плаки кои имаат сребреникава боја, воспалени и издигнати над кожата. Најчесто се јавува на колена, лакти, скалп, половина итн. Може да се зафатени и ноктите од псоријаза.

Дијагноза[уреди]

Лабораториски испитувања:

Ревматоиден фактор(најчесто негативен), Седиментација(нормална),
Урична киселина( може да е зголемена па да прави прoблем во дијагнозата заради истовремено сомневање за гихт), 

Габично испитување и ТЕСТ со латекс фиксација.

Третман[уреди]

Мачкање со креми со навлажувачко дејство (хидратантни) особено после туширањето, бањи со овесни снегулки ја олеснуваaт псоријазата, ултравиолетовото зрачење истотака ја олеснува псоријазата. Медикаменти кои се употребуваат за лекување на псоријазата се: топикални кортикостероиди (Бетаметазон, Триамцинолон ацетонид), Кератинолитички агенси (Антралин), Витамин Д аналози (калцитриол,калципотриен), топични Ретиноиди(тазаротен), имуномодулатори (такролимус), итн.

Наводи[уреди]

http://emedicine.medscape.com/article/762805-treatment