Психолошка војна

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Психолошка војна позната и по многу други имиња или термини, вклучувајќи ги: политичка војна, Срца и Умови, пропаганда и др [1]. Психолошка војна преставува користење на различни техники од страна на оделни поединци, групи или држави, со цел да се влијае врз вредносниот сиситем, емоциите, мотивите, расудувањето или однесувањата. Таа се користи за предизвикување на призание или зајакнување на ставови и однесувања кои се поволни за целите на наредбодавецот, а понекогаш се комбинира со црни операции или други нелегални акции. Целни групи можат да бидат влади, организации, групи и поединци.

Жак Елул истакнува дека психолошката војна е мирнодопска политика помеѓу нациите или државите, како форма на индиректна агресија наместо воена агресија. Овој тип на пропаганда има за цел да ја ослаби моќта на одредена влада или во крајна мера да ја собори, преку влијание врз јавното мислење. Против оваа форма на агресија тешко е да се преземат правни мерки за одбрана бидејќи Меѓународниот суд на правдата е ограничен во донесувањето на судска одлука против психолошка агресија. Единствена одбрана е користење на истите средства, односно психолошката војна. Овој вид на пропаганда има за цел, преку психолошки средства, да се убие моралот на противникот и тој да почне да се сомнева во своите верувања и акции [2].

Министерство за одбрана на Соединетите Американски Држави, психолошка војна ја дефинира како: Планирана употреба на пропаганда и други психолошки акции кои имаат примарна цел да влијае врз мислења, емоции, ставови и однесувањето на непријателска странска групи и на таков начин да се поддржи постигнувањето на националните цели [3].

Извори[уреди]

  1. „Forces.gc.ca“. Journal.forces.gc.ca. http://www.journal.forces.gc.ca/vo9/no1/05-clow-eng.asp. конс. 18 мај 2011. 
  2. Ellul, Jacques (1973). Propaganda: The Formation of Men’s Attitudes, p. xiii.Trans. Konrad Kellen & Jean Lerner. Vintage Books, New York. ISBN 978-0-394-71874-3.
  3. Phil Taylor (1987). „Glossary of Relevant Terms & Acronyms Propaganda and Psychological Warfare Studies University of Leeds UK“. University of Leeds UK. http://ics.leeds.ac.uk/papers/vp01.cfm?outfit=pmt&folder=64&paper=665. конс. 19 април 2008.