Псевдомонади

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Колонии од Pseudomonas aeruginosa на агарна плоча.

Псевдомонадите (научно: Pseudomonadaceae) образуваат фамилија на протеобактерии во која припаѓаат родовите Azomonas, Azomonotrichon, Azorhizophilus, Azotobacter, Cellvibrio, Mesophilobacter, Pseudomonas (типниот род), Rhizobacter, Rugamonas и Serpens [1] [2]. Од неодамна, фамилијата Azotobacteriaceae е опишана како составен дел на оваа фамилија.[3]

Псевдомонада буквално знали "лажна единица", од грчкото псевдо (ψευδο 'лажно') и монас (μονος 'една единка'). Поимот "монада" се користел порано во микробиологијата за означување на едноклеточните организми. Поради нивното широко распространување во природата, псевдомонадите се набљудувани мошне рано во историјата на микробиологијата. Генеричкото име Pseudomonas е создадено 1894 за грамнегативни, стапчести и поларно-флагелатни бактерии. Подоцна се вклучени голем број на видови во овој род. Псевдомонадите се изолирани од многу природни ниши.

Pseudomonas aeruginosa се повеќе се опишува како опортунистички патоген со клиничко значење. Истражувањата укажуваат и на појавата на отпорност на антибиотици кај овој вид. [4].

Дијагностички одлики[уреди]

Присуството на оксидаза, поларни флагелуми и неможноста за ферментација ги разликува псевдомонадите од ентеробактериите. [6].

Наводи[уреди]

  1. Skerman, McGowan and Sneath (editors): Approved Lists of Bacterial Names. Int. J. Syst. Bacteriol., 1980, 30, 225-420.
  2. Cornelis P (editor). (2008). „Pseudomonas: Genomics and Molecular Biology“ (1st издание). Caister Academic Press. ISBN 978-1-904455-19-6 . ISBN 1904455190. http://www.horizonpress.com/pseudo. 
  3. Rediers H, Vanderleyden J, De Mot R (2004). „Azotobacter vinelandii: a Pseudomonas in disguise?“. „Microbiology“ 150 (Pt 5): 1117–9. doi:10.1099/mic.0.27096-0. PMID 15133068. 
  4. http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/10348756
  5. Meyer J (2000). „Pyoverdines: pigments, siderophores and potential taxonomic markers of fluorescent Pseudomonas species“. „Arch Microbiol“ 174 (3): 135–42. doi:10.1007/s002030000188. PMID 11041343. 
  6. Krieg, N.R. (Ed.) (1984) Bergey's Manual of Systematic Bacteriology, Volume 1. Williams & Wilkins. ISBN 0683041088