Прцорек

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прцорек Велес

Прцорек — едно од најстарите и наделку познати маала во градот Велес. Сместено е на левиот брег на реката Вардар во подножјето на ридот Свети Илија. Во целост е населено само со Македонци. Во Прцорек се наоѓаат автобуската станица, старата зграда на театарот, црквата Свети Ѓорѓија и надалеку познатите и прочуени куќи познати под името „Варналиите“ каде што е сниман спотот за туристичко промовирање „Македонија вечна“ на Милчо Манчевски. Од ова велешко маало потекнува македонскиот просветител Јордан Хаџи-Константинов - Џинот. Во оваа маало било отворено првото ќелијно училиште на македонски народен јазик. Прцорек претставува најголемо и централно маало на Велес од левата страна на реката Вардар.

Поврзано[уреди | уреди извор]