Проширување на Европската Унија-2004 година

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Проширувањето на Европската Унија на 5 мај,2004 год. беше најголемото проширување на Еврпската Унија,и во однос на територијата и во однос на бројот на државите и населението.Сепак,ова не се однесуваше на бруто домашниот производ.
Истовременото пристапување се однесуваше на следниве земји: Кипар,Република Чешка,Естонија,Унгарија,Латвија,Литванија,Малта,Полска,Словачка и Словенија.Седум од овие земји беа членки на поранешниот Источен блок, заедно со една држава од поранешна Југославија,а останатите две беа Медитеранските острови.
Дел од истиот бран на проширување беше пристапувањето на Бугарија и Романија во 2007 год. кои не можеа да се приклучат во 2004 год. но според Комисијата претставуваа дел од петтото проширување.

Историја[уреди]


Историско минато[уреди]


Со крајот на Втората светска војна во 1945 год. Европа се подели во две сфери на моќ,САД и Советскиот сојуз(СССР).Во 1957 год. беше создадена Европската Економска заедница (ЕЕЗ) помеѓу шест држави од сферата на САД,а се прошири за дванаесет држави низ западна Европа.Западна Европа имаше полабава економска групација со СССР,позната како КОМЕКОН.На југот беше Југославија,самостојна,но комунистичка федерација.
Во 1989год.Студената војна помеѓу двете велесили привршуваше,со влијанието на СССР врз распаѓањето на источна Европа. Додека комунистичките држави започнаа со нивната транзиција во демократии со слободни пазари,порамнувајќи се со евроатланската интеграција,прашањето за проширувањето кон исток беше наметнато на агендата на ЕЕЗ.

Преговори[уреди]


Набргу потоа започна стратегијата ФАРЕ за приспособување на структурата на централните и источните Европски земји (Pays d’Europe Centrale et Orientale (PECO)) кон западниот систем, а посебно кон Европската економска заедница.Една од главните методи на оваа стратегија беше Регионалната програма за обезбедување на квалитет (Programme Régional d’Assurance Qualité (PRAQ)) која што започна во 1993 год. за да им помогне на земјите од центарот и истокот на Европа да го спроведат “Новото достигнување” во нивните економии.
Европското законодавство содржеше 3 000 директиви и околу 100 000 страни во службениот весник на Европската Унија,кои што требаше да бидат променети. Ова бараше многу административна работа и огромна економска промена што доведе до големи културни проблеми,односно нови правни концепти и проблеми со јазичната достапност,на пример.

Пристапување[уреди]


На 16 април,2003 год.во “Стоа на Атал” во Атина,Грција беше потпишан договорот за пристапување -2003 помеѓу тогашните земји члени на ЕУ и десетте земји пристапнички.Во текстот,исто така беа дополнети главните Договори на ЕУ,влучувајќи го и гласањето со квалификувано мнозинство на Советот на ЕУ.Договорот беше ратификуван на време и стапи на сила на 1 мај,2004 год.среде прославите низ Европа.Лидери се сретнаа во Даблин за прослава со огномет,претседателот Романо Проди учествуваше во прославите за италијанско-словенечката граница во поделениот град на Горица/Нова Горица.На германско-полската граница,беше кренато знамето на ЕУ и беше испеана “Ода на радоста”.Меѓу многу бројните други прослави,во Малта имаше шоу со ласери.

Прашања поврзани со слободното движење[уреди]


Повеќе информации на: http://en.wikipedia.org/wiki/Freedom_of_movement_for_workers#Free_movement_rights_of_nationals_of_new_member_states
Почнувајќи од мај 2011 год. нема особени ограничувања на слободното движење на граѓани во овие нови земји-членки.
Со самото нивно пристапување кон ЕУ се разбира дека би важело слободното движење на луѓе помеѓу сите 25 земји.Сепак,поради загриженоста околу масовните миграции од новите источни земји-членки кон старите 15 членки на ЕУ,беа воведени некои ограничувања во врска со преминот од една во друга земја.Мобилноста во старите 15 земји-членки на ЕУ(вклучувајќи ја и Кипар) и во новите земји членки(без Кипар) функционираше нормално(иако новите земји имаа право да постават ограничување во врска со патувањето помеѓу нив.)До 2011 год. можно е да бидат поставени транзитни ограничувања помеѓу старите и новите земји-членки, а работниците од ЕУ се́ уште да имаат повластено право над работници кои што не се од ЕУ во барањето работа,дури и ако се воведени оганичувања врз својата држава.Не беа воведени ограничувања кон Кипар и Малта.Од секоја земја посебно,воведени се следниве ограничувања:

  • Австрија и Германија:Воведени се ограничувања во слободното движење и во обезбедувањето на одредени услуги.Се́ уште се потребни работни дозволи во сите земји.Во Австрија,за еден работник да биде вработен треба да има работено повеќе од една година во неговата земја на потекло пред пристапувањето.Германија има билатерални квоти кои што остануваат да важат.
  • Кипар:Без ограничувања.
  • Малта:Без ограничувања врз работниците,но со прво за миграција во друга земја.
  • Холандија:Во почетокот против ограничувањата,но ги затегна политиките во почетокот на 2004 год. и рече дека уште повеќе ќе ги затегне ако годишно доаѓаат повеќе од 22 000 работници.
  • Финска:2 години за преодни договори,каде што работна дозвола може да се добие само ако не може да се најде државјанин на Финска за таа работа.Ова не се однесува на студенти,хонорарни работници,претприемачи,луѓе кои што не живеат во Финска за да работат,луѓе кои што веќе една година живееле во Финска или луѓе кои потекнуваат од трети земји (земји кои што не се членки на ЕУ) кои што во секој случај имаат право на работа.
  • Данска:Две години каде што само работници со полно работно време можат да добијат работна дозвола,доколку имаат дозвола за престој.Работната сила не доби социјална помош,но ограничувања беа воведени само за оние кои што заработуваат.(Сите раѓани на десетте членки на ЕУ можат да започнат бизнис).
  • Франција:Пет години за ограничувања во зависност од секторот и регионот.Студентите,истражувачите,самовработените и угостителите беа исклучени од ограничувањата.
  • Шпанија:Две години.
  • Португалија:Две години,годишна граница до 6 500.
  • Шведска:Без ограничувања.
  • Република Чешка и Словачка:Без ограничувања.
  • Полска:Реципрочни ограничувања,само британските и ирските граѓани имаат слободен пристап.Држави со полабави или затегнати ограничувања се соочуваат со слични ограничувања и во Полска.
  • Белгија,Грција и Луксембург:Две години.
  • Обединетото Кралство:Ограничувања само во социјалната помош,но треба да се пријават.
  • Ирска:Без ограничувања.
  • Унгарија:Реципрочни ограничувања за седум години.


Покрај стравувањата,миграциите низ ЕУ засегаат помалку од 2% од населението.Сепак,миграциите предизвикаа распарвија во оние земји каде што беше забележан значителен прилив,што наликуваше на фразата за “Полскиот водоинсталатор”(симбол на евтината работна сила која што доаѓаше во Централна Европа за време на конституционалниот референдум во Франција,2005 год.) на западот,опишувајќи ја ефтината работна рака од истокот,и продолжувајќи ја оваа иста приказна и на западот.По проширувањето во 2007 год.повеќето стари членки на ЕУ им воведија ограничувања на новите земји-ченки,вклучувајќи ги и најотворените во 2004год.(Ирска и Обединетото Кралство) само со Шведска,Финска и новите земји-членки од 2004 год.(без Малта и Унгарија).Но,почнувајќи од април,2008 год. сите членки,освен Германија и Австрија ги укинаа овие иограничувања врз осумте нови семји-членки(тие продолжија да важат за Романија и Бугарија).

Долготрајно влијаније[уреди]


ЕУ се́ уште не може да се навикне на промената дури и по 7 години од проширувањето.Приливот на нови членки всушност и́ стави крај на француско-германската машинерија зад ЕУ,сега новите земји-членки ја поставуваат политичката агенда.На пример,Источното партнерство.Покрај стравот од парализираност,новото членство не го попречуваше процесот на донесување на одлуки,и доколку правниот краен резултат на институциите има нешто зголемено,сепак страдале правдата и внатрешните работи (кои што функционираат по принципот на едногласност).Комисијата го гледа проширувањето како успех.Меѓутоа,додека проширувањето не е целосно прифатено од јавноста,идните проширувања можеби ќе забават.

Нови земји-членки[уреди]


Кипар[уреди]


Повеќе информации на: Cyprus dispute#EU accession and the settlement process, 1997-present
Од 1974 год. Кипар е поделен помеѓу Грчкиот југ (Република Кипар) и северните области под турската воена окупација(самопрогласената Турска Република на Северен Кипар).Република Кипар е призната како единствена легитимна влада од страна на повеќе земји,вклучувајќи ја и ЕУ,додека северната окупирана област е призната само од Турција.
Кипар започна разговори за влез во ЕУ,кои што претставуваа поттик за решавање на спорот.Се очекуваше дека во согласност со Планот на Анан за Кипар двете земји заедно ќе и се приклучат на ЕУ како единствена Обединета Република Кипар.Турците од Кипар го поддржаа планот.Сепак,кипарските грци го одбија планот на референдум на 24 април 2004 год.Така,една недела подоцна,Република Кипар се приклучи кон ЕУ со нерешени политички прашања.Според законот,бидејќи северната Република не е призната од ЕУ,целиот остров е член на ЕУ како дел од Република Кипар,иако де факто ситуација е дека владата не може да ја прошири својата контрола врз окупираните области.
Почнувајќи од 2011год. продолжуваат напорите за обединување на островот.

Полска[уреди]


Во мај,2004 год.Полска се приклучи кон Европската Унија.Полска преговараше со ЕУ од 1989 год.
Со падот на комунизмот во 1989/1990 во Полска,таа започна со спроведување на серија реформи и промени во надворешната политика,обидувајќи се да стане членка на ЕУ и НАТО.На 19 септември,1989 год. Полска го потпиша Договорот за трговија и соработка со тогашната Европска заедница (ЕЗ).Намерата на Полска да се приклучи кон ЕУ беше јасно изразена во говорот на полскиот министер Тадеуш Мазовиески во Европскиот Парламент во февруари,1990 год. и во јуни,1991 год. од полскиот министер за надворешни работи Кристоф Скубисевски во Сејм(полскиот парламент).
На 19 мај,1990 год. Полска поведе постапка за започнување на преговорите околу Договорот за асоцијација.Преговорите официјално започнаа во декември,1990 год.Година подоцна,на 16 декември,1991 год. Полска го потпиша Договорот за асоцијација со ЕУ.Договорот стапи на сила на 1 февруари,1994 год.(третиот дел од договорот во врска со меѓусебните трговски односи стапи на сила порано,на 1 март,1992 год.)
Како резултат на дипломатското мешање(интервенција) од страна на државите од Вишеградската група,во јуни,1993 год. на својот самит во Копенхаген,Европскиот совет одлучи дека:земјите-соработнички од централна и источна Европа,ако тие сакаат,ќе станат членки на ЕУ.За да го постигнат ова тие сепак мора да ги исполнат соодветните услови.Условите (познати како критериуми од Копенхаген,или едноставно,критериуми за членство) се:

  1. 1. Дека земјите-кандидатки треба да обезбедат стабилни институции кои што гарантираат демократија,законитост,човекови права и почитување и заштита на малцинствата.
  2. 2. Дека земјите-кандидатки треба да имаат ефикасна пазарна економија,способна ефикасно да се натпреварува на пазарите на ЕУ.
  3. 3. Дека земјите-кандидатки треба да се способни да ги прифатат сите политички,економски и монетарни обврски во врска со членството.


На самитот во Луксембург,1997 год. ЕУ го прифати мислењето на комисијата дека треба да покани неколку држави од централна и источна Европа (Полска,Република Чешка,Унгарија,Словенија,Естонија и Кипар) да започнат преговори за пристапување кон ЕУ.На 31 март,1998 год. започна процесот на преговори.Во декември,2002 год.Полска ги заврши преговорите за пристапување.На 16 април,2003 год. во Атина беше потпишан Договорот за пристапување(Договор за пристапување од 2003 год.).Во 2003 год. по ратификувањето на овој Договор на полскиот референдум за членство во ЕУ,2003 год. Полска и други 9 земји станаа членки на ЕУ на 1 мај,2004 год.