Процесорски регистри
Од Википедија
Процесорските регистри се мали единици во процесорот за сместување на информации во форма на битови, кон кои што процесорот може да пристапи најбрзо во однос на било која друга меморија. Повеќето модерни компјутери работаат на принципот на преместување на податоците од компјутерската меморија во регистрите па повторно враќање назад кон меморијата. Значи тие се основните единици што ги користи процесорот при извршувањето на својата работа.
Со напредокот во процесорската технологија имаме и зголемување на регистрите така што денешните регистри содржат 64-битни информации.
[уреди] Поделба на процесорските регистри
Според нивната употреба или нивните карактеристики има многу различни поделби па ќе ги споменеме поважните:
- Корисничко-пристапни регистри - како што кажува самото име до овие регистри има пристап секој корисник и најчесто се адресни или податочни регистри
- Податочни регистри - се регистрите кои што служат за чување на податоци. Посебен регистер е акумулаторот кој служи и за аритметичко-логички операции со податоците.
- Адресни регистри - се регистрите за зачувување на адреси со кои може директно да се пристапи кон меморијата.
- Специјален случај на адресен регистер е "stack" покажувачот, кој покажува кон податочна структура од типот "stack" каде се чуваат податоци потребни при работата на процесорот.
- Регистри за општа употреба - се регистрите кои што имат комбирана употреба за зачувување на адреси или пак за чување податоци.
- Контролно-статусни регистри - се регистрите кои служат за зачувување на некои команди или пак отчитување на статус на некои компоненти кои се потребни при работата на процесорот.
- Регистри со специјална намена - се регистрите кои што имаат посебна намена како Инструкцискиот регистер кој ги зачувува инструкциите кои се вршат во моментот и Програмскиот бројач кој го содржи бројот на извршени команди