Протокол за откривање на соседи

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Протокол за откривање на соседи (NDP) е протокол на Internet Protocol Suite што користи Internet Protocol Version 6 (IPv6). Оперира со мрежното ниво (Network Layer) на семрежниот модел (RFC 1122) и е одговорен за адресната автоматска конфигурација на јазли, за откривање на други јазли на дадена врска, за утврдување адреса на Link Layer (TCP/IP) нивото за други јазли, двојно зголемување на пронаоѓање на адреси, наоѓање на достапни рутери и Domain Name System (DNS) сервери, откривање на адресни префикси, и одржување на достапните информации за патеките до други активни соседни јазли (RFC 4861).[1]

Дадениот протокол дефинира пет различни ICMPv6 типови на пакети за извршување на функции за IPv6 слични на Address Resolution Protocol (ARP) и Internet Control Message Protocol (ICMP) Рутерско пронаоѓање и рутерско пренасочување протоколите за IPv4. Вооедно содржи многу подобрувања за разлика од копиите на IPv4 (RFC 4861, section 3.1). На пример вклучува Neighbor Unreachability Detection (NUD), со тоа ја подобрува робусноста на испорака на пакети, во присутност на грешни врски, отказ на рутери или променливи јазли.

Како и самиот IPv6 протокол, Neighbor Discovery е генерално подобро прилагоден на модерните мрежи за разлика од постарите протоколи. Некои поважни специфични напредоци направени кај Neighbor Discovery протоколот во споредба со работите направени во IPv4 се следниве: Формализирање на Router Discovery, формализирање на адресната резолуција, можноста за изведување на функциите безбедно, aвтоматска конфигурација, динамичка селекција на рутер, мултикаст базирана адресна резолуција како и подобро пренасочување.

Технички детали[уреди]

Протоколот за откривање на соседите дефинира механизам за овозможување на следниве функционалности:

  • Пронаоѓање на рутерот: домаќиините може да ги лоцираат насочувачите сместени на прикачени врски.
  • Откривање на префикс: домаќините може да ги откријат адресните префикси сто се поврзани за прикачени врски.
  • Откривање на параметри: домаќините може да најдат параметри на врската(пример Maximum transmission unit).
  • Адресна автоконфигурација: конфигурација на адреси од мрежните интерфејси.
  • Адресна резолуција: мапирање помеѓу IP адреса и податочно ниво.
  • Одредување на следен хоп: домаќинот може да го најде следниот хоп рутери за дестионацијата.
  • Детекција на недостапност на соседот(NUD): одредува дека соседот не е веќе достапен на врската.
  • Детекција на дупликат адреси (DAD): јазлите може да проверат дали адресата е веќе користена.
  • Пренасочување:насочувачот може да извести јазол за подобри прв-хоп насочувачи.
  • Рекурзивен DNS сервер (RDNSS) доделен ппреку насочувачка објава (RA) опција.[2]

Наводи[уреди]

  1. RFC 4861, Neighbor Discovery for IP version 6 (IPv6), T. Narten et al. (септември 2007)
  2. RFC 6106, IPv6 Router Advertisement Options for DNS Configuration, J. Jeong (Ed.), S. Park, L. Beloeil, S. Madanapalli (November 2010)

Надворешни врски[уреди]