Прост јазол (вратоврска)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Прост јазол
Four-In-Hand tie knot.JPG
Сродни горденски
ЕКЈ 2408

Простиот јазол е метод на врзување вратоврска. Се смета дека ова е најпопуларниот начин на врзување вратоврски, и тоа заради едноставноста. Ваквиот јазол е потесен и малку несиметричен и може да се носи во сите пригоди. Со сè поголемата популарност на потенките вратоврски, овој јазол добива уште повеќе следбеници.

Постапка[уреди]

Простиот јазол се врзува со ставање на вратоврската околу вратот и поширокиот дел се префрла преку потесниот. Поширокиот дел се витка околу потесниот и се доведува напред на обратната страна, се проаѓа хоризонтално преку предната страна, потоа пак се витка зад потесниот крај, па се става врз јазолот одзади, се проаѓа низ хоризонтален премин, па на крај се повлекува за покусиот дел за да се затегне и со ова јазолот оди нагоре и сè додека не се стокми околу вратот.

Ова може да се претстави и по пат на нотацијата на „85-те начини на врзување вратоврска“ (The 85 Ways to Tie a Tie) од Томас Финк и Јунг Мао, простиот јазол (јазол бр. 2) која гласи: Лк Дв Лк Н (англ. Li Ro Li Co T).[1]


Белешки[уреди]

  1. Легенда на нотацијата: Л (лево), Д (десно), С (во средина), к (кон шемата) в (вон шемата) и Н (низ тукушто направената јамка)

Надворешни врски[уреди]

Поврзано[уреди]