Проприоцепција

Од Википедија — слободната енциклопедија

Проприоцепција (од латински proprius, што значи сопствен/a и од зборот перцепција), е чувство на релативната позиција на соседните делови на сопственото тело.[1] За разлика од екстроцептивните сетила, со кои се восприема надворешниот свет и интроцептивните сетилата, со кои се доживуваат болката и движењето на внатрешните органи, проприоцепција претставува трет различен сетилен модалитет кој обезбедува повратни информации само за состојбата на сопственото тело. Ова чувство укажува на тоа дали телото се движи со потребните напори, како и каде различните делови од телото се наоѓаат еден во однос на друг.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Mosby’s Medical, Nursing and Allied Health Dictionary, Fourth Edition, Mosby-Year Book 1994, p. 1285

Надворешни врски[уреди | уреди извор]