Сергеј Прокофјев

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Прокофјев)
Сергеј Сергеевич прокофјев

Сергеј Сергеевич Прокофјев (рус. Сергей Сергеевич Прокофьев, 23 април 18915 март 1953) бил руски композитор, пијанист, уметник и иноватор со огромна дарба, кој со своите композиции ја збогатил руската и светската музичка уметност. Неговите творби покрај другите особини, се проткаени и со длабока човечност.


Живот и дејност[уреди | уреди извор]

Роден е во семејство на агроном, а детството го поминал во слободни игри на чист воздух. Во неговата автобиографија тој напишал: „На шест години јас веќе пишував музика“. Мајка му ја забележала неговата љубов кон музиката и почнала да го учи да свири на клавир. На 13-годишна возраст, положил приемен испит и се запишал на Петроградски конзерваториум, во класата на А. К. Љадов. Композиторското мајстворство го учел кај Римски Корсаков, а свирењето клавир во класата на познатата пијанистка А. Н. Есипова.

По завршувањето на конзерваториумот и добивањето на првата награда на конкурсот „Рубинштајн“ во 1914 година, заминал во Лондон, каде се запознал со балетите на Стравински. Во странство останал подолго време, па затоа во неговите дела се забележливи модерните тенденции.

Неговата композиторска енергија е силна, вулканска. Творел смело, со стремеж да ги опфати во своето творештво разните жанрови и форми (концерти, балети, опери и романси). По враќањето во татковината, продолжил да твори со нови - поголеми сили, така што неговото музичко творештво се расцутело до врвни дострели. Имал и голем осет за хумор, што се согледува и од неговата музичка приказна „Петја и волкот“, за рецитатори и симфониски оркестар. Врвен дострел на неговото творештво е оператаВојна и мир“, со сиже од романот на бесмртниот Лав Николаевич Толстој.

Творештво[уреди | уреди извор]

Дел од неговото творештво се делата:

За младите компонирал доста занимливи и духовити музички приказни, како што се „Петја и волкот“, во кој животните се претставени со различни инструменти. Освен тоа напишал и 7 симфонии, меѓу кои се истакнува делото „класична симфонија“, напишал исто така и: 5 клавирски концерти, 2 виолиниски концерта, скерцо за 2 фагота.

Неговиот опус ги опфаќа и следните опери: