Проект Писта

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Проект „Писта“
Податотека:PRLogo12.jpg
Формат реално шоу, натпревар
Создадена од Ели Холцман
Настапуваат Хајди Клум
Земја на потекло Flag of the United States.svg САД
Број на епизоди 38 (со крајот на третата сезона)
Продукција
Времетраење 60 минути (со реклами)
Емитување
Канал на емитување Браво ТВ
Емитување 1 декември, 2004 – сегашност
Официјална Веб-страница

Проект „Писта“ (анлиски: Project Runway) е американско реално шоу емитувано на телевизијата Браво и се фокусира на модни дизајнери. Натпреварувачите се обидуваат да ги направат најдобрите алишта со дадените материјали, време и тема. Нивните дизајни се просудувани и еден или повеќе дизајнери се елиминираат секоја недела.

Кај нас, Проект „Писта“ се емитува на Канал 5.



Формат[уреди]

Водителот на Проект „Писта“ е супермоделот Хајди Клум, а судиите се обично Хајди, Американскиот дизајнер Мајкл Корс, модниот директор на ЕЛ магазин - Нина Гарсија, и уште еден четврт судија, обично моден дизајнер, критичар, модел, славна личност итн. Тим Ган им е како ментор на дизајнерите. Проект „Писта“ е сниман во Њу Јорк (а во трета сезона и на кратко во Париз). Дизајнерите користат рабодна соба во училиштето за дизајн Парсонс, купуваат материјали низ Њу Јорк, и живеат заедно во Атлас Њу Јорк, зграда близу Парсонс.

На почетокот на секој предизвик, на дизајнерите им се дава тема на која треба да го направат парчето облека. За да го исполнат ова, имаат одредено време и ресурси. На повеќето предизвици, дизајнерите работат самостално, но на некои треба да работат во тимови. Кога ќе помине времето, дизајнерите треба да ги облечат своите манекенки и да изберат како да бидат нашминкани, каква фризура треба да имаат итн. Секоја манекенка оди по пистата, а судиите ја оценуваат облеката.

Потоа, судиите ги интервјуираат дизајнерите и им кажуваат што мислат за нивните креации, а потоа се договараат чија креација е најдобра, а чија најлоша. Губитникот на предизвикот е елиминиран. Натпреварувачот од втората сезона, Даниел Восовик, има победено на најмногу предизвици досега (пет), а по него е Кара Сон од првата сезона, со четири победени предизвици.

На финалистите им се дава 12 недели и 8000 долари за да направат 12 парчиња облека и да ги презентираат на Њу Јоршката модна недела. Истите судии, плус еден гостин, ги оценуваат дизајнерите и одлучуваат кој е победникот.

И манекенките кои работат со дизајнерите се вклучени во натпреварот. Секоја недела, како што се намалува бројот на дизајнерите, така и на манекенките. Онаа што ќе работи со дизајнерот кој ќе победи, ќе биде на насловната страна на ЕЛ магазин.

Прва сезона

Надворешни врски[уреди]