Продуценти (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Продуценти (англиски: The Producers) е американски филм, во режија на Сузан Стромен. Главните улоги ги толкуваат: Ума Турман и Метју Бродерик.

Сузан Строман.

Содржина[уреди | уреди извор]

Дејството на филмот се одвива во Њујорк, во 1959 година. Макс Бјалисток, некогашен крал на Бродвеј, сега доживува само неуспеси, бидејќи секоја претстава му завршува со премиерата. Работите се менуваат кога ќе го посети невротичниот сметководител Лео Блум. Двајцата смислуваат шема како да соберат повеќе пари од потребното, а потоа да направат претставата да пропадне и така да остварат заработка од вишокот пари. Нивниот план изгледа совршено: тие ја наоѓаат претставата од избеганиот нацист Франк Либкен под наслов „Пролет за Хитлер“ и ја претвораат во мјузикл. Се приближува премиерата, кога работите тргнуваат наопаку...[1][2][3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Антена, број 859, 12.12.2014, стр. 17.
  2. Антена, број 854, 7.11.2014, стр. 18.
  3. „Продуценти“, Антена, број 893, 7.8.2015, стр. 20.