Прогресивна електронска музика

Од Википедија — слободната енциклопедија

Терминот прогресив, во електронската музика, се однесува на разни музички жанрови од деведесеттите, и е склон да се оддели од едноставноста на електронската музика, и со таквото потекло, да произлезе како нова, експериментална музичка основа. Терминот самиот по себе се однесува на хаус и транс музика само (како тенденција да се развие прогресија од таквите симплистички поджанрови, како дип хаус и псајтранс), но на крајот, прогресив хаус музиката сè повеќе стануваше тренд, и исто така почна да се применува на брејкбит, драм'н'бејс и техно жанровите.

Корените на прогресив хаус музиката може да се пронајдат наназад во почетокот на деведесеттите години, кога дигиталната технологија дозволи на диџеите да спојуваат битови на песни, создавајќи ја можноста на мешање на структурните елементи на тогашните стилски различни жанрови во една мелодија. Оваа техника може да се искористи за да се покаже префрлање на една мелодија во друга, без потреба да се прекине, како што се правеше и порано. И трансот и хаусот во голема мера за време на оваа ера влијаеа еден на друг (што овозможи појава на поджанровите како дрим хаус) и дури подоцна околу 2000 или 2001 година минимал музиката застана наспроти прогресив хаусот. Влијанието на нивнато соединување сè уште се чувствува во разни електронски денс музички нумери денес.

Развој[уреди | уреди извор]

Прогресив хаус музиката послужи како основа за најмалку четири разни елентронски музички жанрови, кои силно влијаеа еден на друг во првата половина на деведесеттите години во Европа. Двата најпрво создадени жанрови, хаус и транс, во повеќе случаи се судираа со најистакнатата песна на Leftfield, Song of Life, издадена во јануари 1993 година. Иако нивниот судир може да се види како влијание на транс врз хаус музиката, транс музиката нема стабилен електронски бит, додека хаусот порано имал комплексна музичка структура, (на пример во 1988-1989 година во некои есид хаус песни).

Иако траката Song of Life јасно дефинира заедничка основа на прогресив музиката, сличен звук е постигнат од страна на диџеите Саша(Sasha) и Џон Дигвид(John Digweed) во денс клубот Renaissance, кој беше отворен во Менсфилд(Mansfield) во 1992 година. Првите песни беа чисто инструментални и со вклучен ефект на двоен бас на хаус миксовите со високоенергетски Роланд TB-303 риф во различни фази, во ритам 4 на 4 удари на басот. Самиот термин тогаш беше скован од страна на Миксмаг(Mixmag), уредник Дом Филипс (Dom Phillips) во 1994 година.

Потекнувајќи од Велика Британија, прогресив музиката стекна голем напредок во ноќните клубови во Франција, Германија и Италија почнувајќи од 1995 година. Пред да се рашири во Западна Европа, звучеше едноставно, со инструментална мелодија (најчесто виолина или пијано) со познат бас ритам, и голем труд на издавачи од видот на Роберт Мајлс и Најлон Мун. . Мајлс го издаде и "дрим денс" (денес познат како "дрим хаус" или "дрим транс"), кој се смета како прв поджанр на прогресив музиката, и кој постигна голема популарност. Од 1996-1997 година стана внимание на многу светски диџеи, и исто така се мешаше и со други популарни жанрови како брејкбит, драм'н'бејс и техно.

Наредните години се сметаа како врв на пргресив музиката, и која и да било музичка композиција од тоа време имала вклучено елементи од неа. Како што мешањето на хаус и транс музиката остана прв пример за прогресив музиката, траките подоцна вклучуваа и дигитални и аналогни звуци. Примери за тоа можат да се најдат во траката, Space Melody на Luna Park во (1998) година и Castles In The Sky на Ана грејс (Аnna Grace) во (2001)година. До 2000-тата година ритамот беше доста оспоруван од минимал тек хаус и неговите битови, кој се здоби со умерена популарност, при што беше вклопуван и во ТВ реклами. Двата жанра беа присутни на подиумот сè до 2002 година кога електроклеш почна да влијае на теч и прогресив хаус музиката кои пополека ја изгубија популарноста на хаус/транс сцената, и со техното се последните поджанрови кои беа популарни до 2004/05 година. Иако преогресив хаусот веќе не е применуван во песни од електронската музика,неговото влијание може да се најде во многу други жанрови ,посебно оние ремикси на песни од деведесеттите со вклучување на комплетно нов и модерен звук.

Варијации[уреди | уреди извор]

Прогресив хаус/транс[уреди | уреди извор]

Прогресив хаус/транс е главнот почеток на прогресив музиката. Иако не постојат строги правила ,сруктурата воглавно потсетува на хаус со значајни варијации. На пример, текстовите се составени обично од два дела и започнуваат со вовед на нова или поразлична мелодија или ритам. Темпото е теоретско мешање на двете, и се движи приближно од 128 до 140 БВС(Битови во секунда), што е побрзо од типичниот поранешен хаус, но побавно од оној вклучен во поновите транс траки. Ваквата структура е интуитивно опишана како состав од три главни структурни елементи: (1) зголемување; (2)опаѓање ; (3) највисока точка. 'Зголемувањето' понекогаш може да трае до 3, па дури и 4 минути.Суптилните акустични варијации на покачување/смалување (т.е. постепеното намалување на инструментите) предвидуват измена на секој нареден структурен елемент на траката. Почетното зголемување и конечното опаѓање се обично многу слични, и додаваат чувство на симетрија во Општата структура на песната. Сепак, прогресив транс/хаус трака, е обично подолга од обична песна, и се движи во должина од 8 до 12 минути (за разлика од радио верзија која е 5-6 минути).

Иако постои општа и зголмена тенденција за да се спои прогресив транс со прогресив хаус (или обратно), практично правејќи ги овие два под-жанрови идентични, сепак постојат карактеристични разлики и покрај силната сличност меѓу нив:прогресив транс е добиен од својот главен жанр (транс)и има поширока мелодична флексибилност, додека прогресив хаус е обично потемен и со повеќе елементи на минимал. Примери од двстрано влијание во подоцнежниот развој на жанрови имаме кај Space Melody на Luna Park во (1998) година и Castles in the Sky на Ана грејс (Аnna Grace) порано позната како(Ian Van Dahl), во (2001) година.

Значајни диџеи од овој жанр се : Ернан Катанео (Hernan Cattaneo), Џејмс Холден (James Holden), Џон Дигвид (John Digweed), Дејв Симан (Dave Seaman), Ник Ворен (Nick Warren), Џејмс Забиела (James Zabiela), Еди Халивел (Eddie Halliwell), Џејсон Џолинс(Jason Jollins), Макс Грахам (Max Graham), Дени Ховелс(Danny Howells), Ентони Папа (Anthony Pappa), Динка (Dinka), Гермдјуд (Germdude) и Деадму5(Deadmau5).

Прогресив брејкс[уреди | уреди извор]

Прогресив брејкс во суштина се произлезени од њу скул брејкс и прогресив хаус. Поради своето потекло од овие жанрови, прогресив брејкбитот типично ја изразува мелодијата. Повеќето уметници кои работат во овој жанр, исто така, работат во други тесно поврзани жанрови како што се брејкит и прогресив хаус. Хибрид (Hybrid) е еден од најпопуларните уметници во овој жанр.

Прогресив драм'н'бејс[уреди | уреди извор]

Има неколку форми на драм'н'бејс кои се сметаат како прогресив хаус. Неврофанк (Neurofunk),е вид на поджанрот текстеп, кој вклучува елементи на џез, фанк, има повеќе електронски влијанија,и ги вклучува техното и хаусот. Стилот исто така ги следи прогресив формите забележани во останатите жанрови. Драмфанк,е релативно нов поджанр кој, исто така, може да се смета во прогресив. Современиот атмосферски драм'н'бејс и Ликвид фанк исто така, се опишани како прогресив.

Прогресивно техно[уреди | уреди извор]

Прогресив техно (накратко "progtech") е многу ограничен термин за поджанр на прогресивот, се појавува во 1999-2000 година,и се состои од мешање на прогресив во елементи на техно, обично резултира со полуденс композиции.Траките од жанрот 'Прогресив техно' се одликуваат со постабилен техно ритам и (се движат од околу 100-120 БВС), но најчесто произлегуваат од повисоките тонови каде од каде произлегува и нивниот електронски звук. Ова кажува, дека се добива со електронски а не природни инструменти. Не постојат значајни уметници од овој жанр, сепак Моби и Продиџи користат елементи на прогресив техно во нивните подоцнежни албуми.