Прогон на Кримските Татари

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Знамето на Кримските Татари.

Прогон на Кримските Татари (кримскотатарски: Sürgünlik) — организирано насилно иселување на Кримските Татари од страна на државата во 1944 г. Советските власти организирано ги раселувале Кримските Татари во Узбекистан и останатите делови на државата. Симбол на оваа депортација е парна машина.

Обиди да иселување на Кримските Татари од Крим се појавиле на неколку наврати, дури и пред Крим да биде анектиран од Русија во 1783 година, но сепак тие обиди не биле успешни.[1] Во 1944 година со лажен текст каде се тврдело дека масовно Кримските Татари соработувале со Нацистите, советските власти одлучиле да ги иселат Кримските Татари од Крим по наредба на Јосиф Сталин и Лаврентиј Берија.

Депортацијата започната на 18 мај 1944 година во сите населени места на Крим.[2] Повеќе од 32.000 трупи на Народниот комесаријат за внатрешни работи на СССР учествувале во акцијата. На Татарите им давале само по 30 минути за да ги приберат своите лични работи, а по тој временски рок биле товарени и депортирани од Крим.[3]. 193,865 Кримски Татари биле депортирани, од кои 151,136 во Узбекистан 8,597 во Мари Ел, 4,286 во Казахстан, и 29,846 во различни области низ Русија. Меѓувреме, поголем број на Кримските Татари кои служеле во Црвената Армија биле демоболизирани и испратени во кампови во Сибир и Урал[4].

Депортацијата била слабо планирана и извршена, каде локалните власти каде биле доселувани Кримски Татари не биле соодветно информирани за процесот и не добиле доволно ресурси за доселениците. Несоодветното сместување, недостатокот на храна, неможноста да се прилагодат кон новата клима и појавата на болести имале голем демографски удел за време на петгодишната депортација[5]. Кримските активисти се борат да се признае овој прогон како геноцид врз Татарите.[6]

Наводи[уреди]

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]