Прованс-Алпи-Азурен Брег
| Прованс-Алпи-Азурен Брег Provence-Alpes-Côte d'Azur |
|||
|---|---|---|---|
| — Регион на Франција — | |||
|
|||
| Земја | Франција | ||
| Префектура | Марсеј | ||
| Департмани | |||
| Управа | |||
| • Претседател на советот | Мишел Возел (СП) | ||
| Површина | |||
| • Вкупна | 31.400 км2 | ||
| Население (2010-01-01) | |||
| • Вкупно | 4.998.000 | ||
| Час. појас | CET (UTC+1) | ||
| • Лете (DST) | CEST (UTC+2) | ||
| NUTS | FR8 | ||
| Портал | regionpaca.fr | ||
Прованс-Алпи-Азурен Брег (француски: Provence-Alpes-Côte d'Azur; провансалски: Provença-Aups-Còsta d'Azur / Prouvènço-Aup-Costo d'Azur) е регион во Франција.
Образуван е од следниве поранешни покраини:
- Прованс
- папската територија Авињон (Конта-Венасен)
- некогашната сардинско-пјемотска област Ница, со крајбрежјето Француска Ривиера (во Франција наречена Азурен Брег)
- југоисточниот дел од некогашната француска покраина Дофине во Алпите.
Во регионот има 6 департмани. На исток се протега границата со Италија , на југ е Средоземното Море и кнежевството Монако, на север е департманот Рона-Алпи, а на запад Лангдок-Русијон со реката Рона долж самата граница. Департманите се следниве:
Во економски поглед, реионот е трет по важност во земјата, веднаш по Ил-де-Франс и Рона-Алпи. БДП во регионот во 2006 г. изнесувал 130.178 милиони евра (27.095 евра по глава на жител).
Поголеми градови [уреди]
Најголеми градови во регионот се Марсеј, Ница, Тулон и Екс-ан-Прованс, сите со население над 100.256 жители (попис 1999). Најбогат град е Ница.
- Антиб (со Жиан-Ле-Пан)
- Арл
- Авињон
- Вилнев-Лубе
- Грас
- Драгињан
- Екс-ан-Прованс
- Јер
- Кан
- Ла Сејн-сир-Мер
- Ле Кане
- Манделие-ла-Напул
- Марсеј
- Мартиг
- Мужен
- Ница
- Обањ
- Тулон
- Фрежис
Надворешни врски [уреди]
- Прованс-Алпи-Азурен Брег - Проект „Отворен директориум“ (англиски)
- Генерален совет на Прованс-Алпи-Азурен Брег (француски)
- „Нашиот Прованс“ - откријте го регионот (француски)
- FranceSouth.com Водич низ Прованс-Алпи-Азурен Брег (англиски)
|
|||||||||||||