Пркос (растение)
| Portulaca grandiflora | |
|---|---|
| Portulaca grandiflora | |
| Научна класификација | |
| Царство: | Plantae |
| Нерангирано: | Angiospermae |
| Нерангирано: | Евдикоти |
| Нерангирано: | Јадрени евдикоти |
| Ред: | Caryophyllales |
| Фамилија: | Portulacaceae |
| Род: | Portulaca |
| Вид: | P. grandiflora |
| Биномен назив | |
| Portulaca grandiflora Hook. |
|
Пркосот (лат. Portulaca grandiflora) е едногодишно тревесто растение со месести, полегнати стебла со црвеникава боја, високи до околу 30 cm. Листовите се месести и издолжени, долги до 2,5 cm. Цветовите се 2,5 - 3 cm во дијаметар, со 5 венечни ливчиња, но се среќаваат и со двојно венче. Цвета во разновидни нијанси на црвено, портокалово, жолто, циклама и бело. Кај повеќето сорти цветовите се отвораат само во сончев ден. Потекнува од јужна и средна Америка. Најблиски сродници му се од фамилијата на кактуси (Cactaceae).
Одгледување[уреди]
Пркосот е непретенциозно растение. Расте на секаква почва, како и меѓу камењата, по што и го добил името. Ја сака сончевата светлина, вирее добро на јужен прозорец или балкон. Неговите месести стебла и лисја му помагаат да го поднесе Сонцето и сушата. Неговите семиња сами се засејуваат и напролет ‘ртат.