Пристапување на Исланд кон Европската Унија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Приклучување на Исланд кон ЕУ
European Union Iceland Locator.svg
Просек на членките Исланд
ППП БДП ($мил.) 552.780 12,664
Површина (км2) 165.048 103,001
Население 18.583.598 319,756
Статус
Кандидат
Отворени преговори: 0
Затворени преговори: 0
Мреж. место
http://europe.mfa.is/

На 16 јули,2009 год. Исланд поднесе барање за членство во Европската Унија.На 27 јули,2009 год. Европскиот совет го прифати поднесеното барање и го испрати до Комисијата за таа да јa анализира подготвеноста на Ирска за преговорите.Во февруари,2010 год. Комисијата објави дека го поддржува отварањето на пристапните преговори со Исланд.Владата на Исланд има краен датум за приклучување кон блокот до 2012 год.Ова ќе биде предмет на референдум во Ирска.На 17 јуни,2010 год. ЕУ и гарантираше кандидатски статус на Исланд,одобрувајќи го формално отварањето на преговорите за членство.На 27 јули,2010 год. започнаа преговорите.Како дел од Европската економска област Исланд е веќе членка на единствениот пазар на ЕУ.Исто така е членка на Шенген зоната во која што нема гранични контроли помеѓу земјите-членки.

Историски развој[уреди]


Соработка[уреди]


Од 1970 год. Исланд е членка на Европската асоцијација за слободна трговија (ЕСТА) заедно со Норвешка,Швајцарија и Лихтенштајн.Во 1972 год. Исланд склучи билатерален Договор за слободна трговија со Европските заедници.Во 1994 год. Исланд и нејзините партнери од ЕСТА,со исклучок на Швајцарија,која што го одби Договорот на референдум,го потпишаа Договорот за Европската економска област (ЕЕО) со ЕУ,кој што им овозможи на земјите од ЕСТА да учествуваат на единствениот европски пазар без да бидат приклучени кон ЕУ.Конечно,од 2001 год. Исланд е членка на безграничната Шенген зона.


Исланд,исто така учествува и во многу програми на ЕУ(како што е програмата Еразмус) и неколку илјади исланѓани патуваат,студираат или учат во ЕУ.Голем дел од странците во Исланд исто така доаѓаат од ЕУ.Исто така,Исланд често се споредува со надворешната политика на ЕУ.

Мислењето пред 2008 год.[уреди]


Од 1995 год. до 2007 год. владината коалиција на конзервативната Независна Пртија (Sjálfstæðisflokkurinn) и либералната Прогресивна Партија (Framsóknarflokkurinn) се спотиставија на приклучувањето кон ЕУ,додека опозицискиот Социјалдемократски сојуз (Samfylkingin) ги поддржа преговорите за членство.


Поранешниот премиер Халдор Асгримсон на 8 февруари,2006 год. предвиде дека државата ќе се приклучи кон ЕУ до 2015 год.Тој додаде дека одлучувачки фактор ќе биде иднината и големината на еврозоната,а особено дали Данска,Шведска и Обединетото Кралство ќе го имаат прифатено еврото или не.Неговото предвидување наиде на критики,но барем не беа упатени од луѓето од неговата сопствена Влада.


Уште еден поранешен министер Геир Хаарде Х. неколку пати има изјавено дека е против членството во ЕУ,и како министер за надворешни работи за време на владеењето на Халдор Асгримсон,и по преземањето на функцијата премиер.Како одговор на претходното предвидување на Халдор Асгримсон,Хаарде рече: ”Не се согласувам со тоа мислење.Нашата политика е да не се приклучиме кон ЕУ во блиска иднина.Ние дури и не го разгледуваме членството.”На 31 март,2006 год. во говор на конференција во Универзитетот во Исланд Геир Хаарде го повтори она што го имаше кажано во неколку наврати дека Исланд нема посебен интерес кој што бара членство во ЕУ.Во истиот говор тој понатаму објасни во детали зошто нема да биде од интерес на Исланд да го усвои Еврото.


По изборите во 2007 год. Независна Пртија и Социјалдемократскиот сојуз формираа нова коалиција со политика да не се поднесува барање за членство,туку да се создаде посебен комитет кој ќе го надгледува развојот во ЕУ и ќе преглага начини за да се реагира на тоа.


Поради ограничената валута на Ирска,владата ја разгледа можноста за усвојување на еврото без пристапување кон Унијата.Сепак,ЕУ вели дека Исланд не може да и се приклучи на економската и монетарната унија (ЕМУ) без да стане земја-членка на ЕУ(сите други земји кои што не се членки на ЕУ можат да го користат еврото затоа што тие претходно употребувале валута на земја-членка која што била заменета со еврото.)

Ефектите од финансиската криза во 2008 год.[уреди]


Види исто така: 2008–2009 Icelandic financial crisis


На 17 мај,2008 год. на состанок со членовите на неговата партија Геир Хаарде рече дека трошоците за приклучување кон ЕУ,според него, ги надминуваат придобивките и затоа тој не е за членство во ЕУ.Сепак,во октомври,2008 год. за време на разговорите за враќање на дел од странските инвестицииски пензииски фондови на Исланд,претходно тешко погодена од финанскиската криза во септември,2008 год.синдикатите побараа Исланд да поднесе барање за членство во ЕУ како надоместок за ограничување на плати.


На 30 октомври,2008 год.министерот за образование Поргеур Катрин Гунарсдотир рече дека Исланд мора да ги определи своите долгорочни национални интереси,а дел од нив е и ревизијата на валутниот режим,вклучувајќи можно барање за членство и дека за поднесувањето на барање за членство не треба да се дискутира неколку месеци,туку неколку недели.


Две недели подоцна,на 17 ноември,2008 год. Независна Партија најави дека конгресот на партијата ќе се одржи во јануари,2009 год. наместо есента 2009 год. за да се преиспита можноста за поднесување на барање за членство во ЕУ.Прогресивната Партија,исто така најави дека ќе го одржи својот партиски конгрес во јануари,откако двајца членови на Парламентот кои што беа против влез во ЕУ (вклучувајќи го и лидерот на партијата) поднесоа оставка и беа заменети за двајца членови кои што позитивно размисуваат околу поднесувањето на барање за членство.


На својот конгрес,Прогресивната Партија прифати да го поддржи барањето за членство во ЕУ,но со многу строги услови,од кои еден е барање за целосна власт на Исланд над своите рибни полиња и други национални ресурси.Кога владата,на чело со Независна партија ,се распушти во јануари партијата одлучи да го одложи својот конгрес до март.На конгресот на крајот се одлучи дека нема да има промени во противењето за членството во ЕУ,но исто така тврдеше дека доколку прашањето е отворено од страна на други,и барањето за членство и првичниот договор за приспатување со ЕУ треба да бидат ставени на референдум.

Избори во 2009 год. и парламентарна дебата[уреди]


Министерот за финансии на Исланд Стеингримур Сигфусон пред почетокот на првите избори на државата,бидејќи пропадна банкарскиот систем во 2008 год,изјави дека: “Секоја одлука во врска со тоа дали Исланд да се приклучи кон Европската Унија или да ја присвои единствената валута мора да е одлука на народот,а не на една политичка партија.”затоа што прашањето за членство во ЕУ беше најголема закана за стабилна коалиција.


По изборите во 2009 година,кои што се одржаа по финансиската криза во Исланд,Прогресивната партија го смени својот став и го поддржуваше членството во ЕУ,но Независна партија повика на референдум пред почетокот на преговорите.Клучно прашање во кампањата на Социјалдемократскиот сојуз беше приклучувањето кон ЕУ.


Во 2009 год. по победата на Социјалдемократскито сојуз кој што е за членство во ЕУ,премиерката Јохана Сигугардотир зборуваше за тоа дека веднаш треба да се поднесе барање за членство во Европската Унија и дека треба да се присвои еврото во рок од четири години како начин за справување со долгот на државата.


Кон крајот на април,2009 год. беше најавено дека Обединетото Кралство,земја-членка на Европската Унија со која што Исланд има долга историја околу риболовот и територијалните спорови,ја поддржа Исланд во врска со пристапувањето кон ЕУ.


На почетокот на мај,2009 год.беше обелоденето пред јавноста прашањето за поднесување барање за членство во ЕУ најверојатно ќе биде оставено да го реши парламентот,затоа што Социјадемократскиот сојуз,Прогресивната партија и Движењето на граѓаните имаат доволно гласа за да го одобрат поднесувањето на барање за членство.Сепак,лидерот на Прогресивната партија Сигмундур Давиѓ Гунлаусон жестоко се противеше на предлогот дека неговата партија ќе и помогне на владата во решавањето на ова прашање.Коалициониот парнер лево ориентираната партија Зелена партија,која што е против членство во ЕУ, прифати дека на пролет 2010 год. министерот за надорешни работи ќе го претстави на парламентот предлог-законот за преговори со ЕУ.


На 10 мај,2009 год. премиерката Јохана Сигугардотир соопшти дека владата има намера да се движи побргу кон членството,отколку што се очекуваше.Таа најави дека на 15 мај,2009 год. во парламентот ќе биде претставен предлог-закон,одобрувајќи го почетокот на пристапните преговори со ЕУ.Таа исто така изјави дека таа е сигурна дека предлог-законот ќе се усвои и дека таа веќе има обезбедено парламентарно мнозинство за ова прашање и покрај официјалната опозиција,во разговор со еден од нејзините коалициони партнери.Таа рече дека очекува официјалното барање за членство да биде доставено најкасно до јули,2009 год.Се чинеше дека Исланд е на пат да влезе во ЕУ заедно со Хрватска во 2011 год. како што беше предвидено од комесарот за проширување на ЕУ,Оли Рен.Владата изјави дека откако ќе се спогодат околу договорот за пристапување прашањето ќе биде ставено на гласачко ливче.


На 25 мај,2009 год. во парламентот официјално беше претставен предлогот за барањето што треба да се поднесе.Гласањето требаше да се одржи на 13 јули,но беше одложено за 16 јули.Како прво,предлогот на Независна партија да се одржи референдум во врска со поднесување на барањето за членство не се изгласа(32 против и 30 за одржување на референдум со еден воздржан).Потоа предлогот на Социјалдемократскиот сојуз за веднаш да се поднесе барање за членство беше одобрен со тесно мнозинство од 33 гласа за,наспроти 28 против,со двајца воздржани.


Ставот на политичките партии во врска со поднесување на барањето за членство во ЕУ.

Групација Партија Став Главен аргумент,наведен на веб локациите на партиите
Влада Социјалдемократски сојуз

“Зелената партија” движењето на левицата

Да

Не

"Ние сакаме да поднесиме барање за членство во ЕУ и да започнеме со преговори.Ние бараме државна согласност и гледаме на државниот реферндум како највисок суд."

"Членството во ЕУ ќе ја намали независноста на Исланд многу повеќе одколку што ја намали Договорот за ЕЕО и ќе ја намали контролата на Исланд над своите ресурси."

Опозиција Независна партија


Прогресивна партија Движењето

Не

Не

"Независната партија најнапред го истакнува јасното барање дека поднесувањето на барање на Исланд за членство во ЕУ ќе биде повлечено без одлошување."

"Прогресивната партија верува дека интересот на земјата и нацијата се најбезбедни надвор од ЕУ.”


Немаат свои членови во парламентот Движењето на граѓаните

Либерална партија

Не Во јануари,2009 год. беше формиран ставот за ЕУ врз основа на анкета меѓу членовите на партијата.


Барање за членство[уреди]


За да се стане член,една држава мора првен да поднесе барање и потоа да биде призната како земја кандидат.За да се случи ова државата мора да ги задоволи првичните критериуми на Копенхаген:мора да биде политички стабилна демократија која што ги почитува човековите права.Потоа започнауваат преговорите кои што земаат во предвид дали државта ги исполнува економските критериуми,до кој степен државата го усвоила законодавството на ЕУ,и дали таму треба да има некои исклучоци.


Еврокомесарот за проширување Оли Рен има изјавено дека преговорите околу договорот за пристапување ќе траат помалку од една година,затоа што Исланд веќе има усвоено две третини од законодавство на ЕУ во однос на ЕЕО.Во друга пригода тој тврдеше дека преговорите може да траат и до четири години.


На 30 јануари,2009 год.Рен искоментира дека Исланд би можела да влезе во Европската Унија точно во 2011 год.во исто време со Хрватска,велејќи дека Исланд е една стара демократија,но исто така дека не треба да добие посебен третман.Ограничувањето во риболовот и ловот на китови би можеле да бидат најтешките проблеми во тие преговори.


На 16 јули,2009 год.”Althing” гласаа во корист на разговорите за пристапување со ЕУ (со 33 гласа,28 против,и 2 воздржани).Шефот на парламентарната комисија за европски прашања Арни Тор Сигурдсон,има изјавено дека Исланд нема да биде подготвена да се приклучи кон ЕУ порано од 2013 год.Сепак,владата изјави дека планира да ги заврши преговорите до крајот на 2010 год.


На 17 јули 2009 год.амбасадорот на Исланд во Стокхолм и го предаде поднесеното барањето за членство на Исланд во ЕУ на владата на Шведска,која што тогаш беше претседател на Советот на ЕУ.На 23 јули 2009 год. на церемонија во Стохлом,министерот за надворешни работи на Исланд повторно го предаде барањето за членство на шветскиот министер за надворешни работи.


Барањето за членство беше разгледано на 16 јули 2009 год.На 27 јули 2009 год. беше прифатено од Советот на Европската Унија.

Отварање и напредок на пристапните преговори[уреди]


Шведска,која што тогаш беше во редовите на претседателството,најави дека ќе му даде предност на процесот на пристапување на Исланд кон ЕУ.На 24јули литванскиот парламент едногласно и даде целосна поддршка на Исланд во нејзиното барање да се приклучи кон Европската Унија.Подоцна,на 27 јули,Малта,исто така објави дека ја поддржува кандидатурата на Исланд.


Во септември 2009 год.шпанскиот министер за надворешни рабти ја посети Исланд за да разговараат во врска со напредокот на барањето на Исланд за членство.Шпанија претседаваше со ЕУ од јануари до јуни,2010 год.На 8 септември,комесарот на ЕУ испрати листа со 2 500 прашања за Исланд во врска со нејзиното исполнување на политичките и економските критериуми и спроведувањето на законодавството на ЕУ.Исланд ги врати одговорите на 22 октомври 2009 год.На 2 ноември Исланд избра главен преговарач за членството во ЕУ,Стефан Хаукур Јоханесон,Амбасадор на Исланд во Белгија.


Во јануари 2010 год. проблем претставуваше “The Icesave dispute” (спорот помеѓу Исланд,од една страна и Обединетото кралство и Холандија,од друга.)Обединетото Кралство и Холандија бараат од исландската Влада да им ги врати трошоците кои што ги позајмиле за да ги покријат загубите на граѓаните поради пропаѓањето на некои исландски банки.Доколку Исланд не палти,Обединетото Кралство и Холандија можат да постават пречки на патот на Исланд за членство во ЕУ.Ако Исланд се согласи да им исплати на Обединетото Кралство и Холандија,дополнителниот долг ќе го отежни освојувањето на еврото,една од главните причина за Исланд да се приклучи кон ЕУ,поради критериумите на конвергенцијата.Министерот на Шпанија за надворешни работи Мигел Анхел Моратинос,кој што во моментов е во редовите на претседателството на Европската Унија,рече дека спорот ”Icesave” не влијае на поднесеното барање за членство на Исланд.Тогашниот министер за надворешни работи Дејвид Милибанд ја потврди континуираната поддршка на Обединетото Кралство за поднесеното барањето на Исланд за членство во ЕУ.Исто така,холандскиот министер за надворешни работи изјави дека, иако отварањето на преговорите нема да биде блокирано од спорот “Iceasave” тој мора да се реши пред пристапувањето на Исланд во ЕУ.


Во февруари 2010 год. еврокомесарот за проширување и политика на соседството му препорача на советот на Европската Унија за ги започне преговорите за приспаување со Исланд.Иако се очекуваше дека на Исланд ќе и биде даден официјален статус кандидат на европскиот самит во март,ова беше одложено за да му се овозможи на германскиот државен парламент,кој што има надлежност да дебатира важни политики на ЕУ како што се проширување пред да се преземат мерки од страна на владата,да го разгледа ова прашање.Германскиот парламент гласаше за отварањето на преговорите за членство на 22 април,2010 год.Европскиот совет одлучи преговорите да започнат во јуни.И на 22 април,2010 год, ЕУ и додели официјален стаус на кандидат на Исланд,формално одобрувајќи го отварањето на преговорите за членство.


На 27 јули,2010 год.започнаа преговорите за членство со ЕУ.На 15 ноември, 2010 год. започна и разгледувањето на посебни поглавја.Од јули,2010 год. Исланд ги исполнува условите за претпристапно финансирање од страна на ЕУ преку Инструментот за претприспана помош (ИПА).


Во ноември,2010 год. беше објавен првиот годишен извештај за преговорите.Главните прашања кои што остануваат во игра се секторот за рибарство и ловот на китови.А,постигнат е напредок во врска со договорот “Icesave”.


Еврокомесарот за проширување Штефан Фуле во една изјава рече дека официјалните преговори за членство помеѓу Исланд и Европската Унија би можеле да започнат на конференцијата за пристапување,закажана за 27 јуни.

Хронолошки ред на настаните[уреди]


Дата Настан
1 јануари 1970 год. Исланд се приклучува кон ЕСТА.
2 мај 1992 год. Стапува на сила Договорот за пристапување со ЕУ.
25 март 2001 год. Исланд се приклучува кон Шенген зоната.
16 јули 2009 год. Исланд го доставува барањето за членство.
8 септември 2009 год. Европската комисија и доставува законодавен прашалник на Исланд.
22 октомври 2009 год. Исланд одговара на прашалникот.
17 јуни 2010 год. Исланд официјално е призната како кандидат.
27 јули 2010 год. Почеток на преговорите за членство.
15 ноември 2010 год. Почеток на процесот на набљудување.
17 јуни 2011 год. Се очекува да заврши процесот на набљудување.


Се очекува дека набљудувањето ќе заврши во јуни 2011 год. Потоа,веројатно кон крајот на 2011 год. ќе започнат вистинските преговори во врска со поглавјата на законодавтвото на ЕУ.Не се знае колку долго тоа ќе потрае,но се очекува дека ова ќе заврши во текот на 2012 год.Така Исланд би можела да стане членка на ЕУ во 2013-14 год. бидејќи потреби се околу две години за сите членки на ЕУ да го ратификуваат Договорот за пристапување.Можно е Исланд и Хрватска да се приклучат кон ЕУ заедно.Сепак,се очекува Хрватска да заврши со преговорите во првата половина на 2011 год.па Исланд најверојатно ќе се приклучи подоцна од Хрватска.

Процес на преговори[уреди]

Поглавје на законодавството на ЕУ Оценка на ЕК на почетокот Почеток на процесот на набљудување Завршување на процесот на набљудување Отворено поглавје Затворено поглавје
1. Слободно движење на добра Не се очекуваат поголеми тешкотии 07.12 2010 08.12 2010 - -
2. Слобода на движење на работниците Општо земено,веќе се применува правото на ЕУ 09.02 2011 09.02 2011 - -
3. Право на работа и давање на услуги Потребни се повеќе напори 09.12 2010 09.12 2010 - -
4. Слободно движење на капиталот Потребни се значителни напори 10.12 2010 10.12 2010 - -
5. Јавни набавки Не се очекуваат поголеми тешкотии 15.11 2010 15.11 2010 - -
6. Закон за трговски друштва Не се очекуваат поголеми тешкотии 16.11 2010 16.11 2010 - -
7. Право на интелектуална сопственост Општо земено,веќе се применува правото на ЕУ 20.12 2010 20.12 2010 - -
8.Политика на конкурентност Општо земено,веќе се применува правото на ЕУ 06.12 2010 06.12 2010 - -
9. Финансиски услуги Општо земено,веќе се применува правото на ЕУ 18.11 2010 15.12 2010 - -
10. Информатичко друштво и медиуми Општо земено,веќе се применува правото на ЕУ 17.11 2010 17.11 2010 - -
11.Земјоделство и рурален развој Потребни се значителни напори 30.11 2010 27.01 2011 - -
12. Безбедност на храна,ветеринарна и фикосанитарна контрола Потребни се повеќе напори 14.02 2011 31.03 2011 - -
13. Рибарство Потребни се значителни напори 16.12 2010 02.03 2011 - -
14. Транспортна политика Потребни се повеќе напори 04.05 2011 (09.06 2011) - -
15. Енергетика Не се очекуваат поголеми тешкотии 12.05 2011 (17.06 2011) - -
16.Оданочување Потребни се значителни напори 03.02 2011 04.03 2011 - -
17. Економска и монетарна политика Потребни се значителни напори 17.03 2011 (18.05 2011) - -
18. Статистика Потребни се значителни напори 02.05 2011 (07.06 2011) - -
19. Социјална политика и вработување Не се очекуваат поголеми тешкотии 07.02 2011 16.03 2011 - -
20. Претпријатија и индустриска политика Општо земено,веќе се применува правото на ЕУ 12.04 2011 (26.05 2011) - -
21. Транс-европска мрежа Општо земено,веќе се применува правото на ЕУ 06.05 2011 (10.06 2011) - -
22. Регионална политика и координација на структурни инструменти Не се очекуваат поголеми тешкотии 31.01 2011 22.02 2011 - -
23. Правосудство и основни човекови права Општо земено,веќе се применува правото на ЕУ 11.01 2011 11.02 2011 - -
24. Правда,слобода и безбедност Потребни се повеќе напори 14.04 2011 (24.05 2011) - -
25. Наука и истражување Општо земено,веќе се применува правото на ЕУ 25.11 2010 14.01 2010 - -
26.Култура и образование Општо земено,веќе се применува правото на ЕУ 26.11 2010 14.01 2010 - -
27. Животна средина Потребни се повеќе напори 22.11 2010 19.01 2011 - -
28. Здравје и заштита на потрошувачите Не се очекуваат поголеми тешкотии 11.04 2011 16.05 2011 - -
29. Царинска Унија Потребни се повеќе напори 08.03 2011 06.04 2011 - -
30. Надворешни односи Не се очекуваат поголеми тешкотии 08.04 2011 (19.05 2011) - -
31. Надворешна,безбедносна и одбрамбена политика Не се очекуваат поголеми тешкотии 07.04 2011 (20.05 2011) - -
32. Финансиска контрола Потребни се значителни напори 29.11 2010 02.02 2011 - -
33. Финансиски и буџетски одредби Не се очекуваат поголеми тешкотии 07.03 2011 04.04 2011 - -
34. Институции Нема што да се усвои - - - -
35. Останати прашања Нема што да се усвои - - - -
Напредок 33 од 33 24 од 33 0 од 33 0 од 33


Набљудувањето(селектирањето) претставува серија на средби помеѓу комисијата и земјата која што има поднесено барање за члентво за да се испита колку е применето законодавтсвото на ЕУ во таа земја.Тоа им дозволува на земјите-кандидати да се запознаат со законодавството и им дозволува на Комисијата и земјите-членки да оценат колку се подготвени земјите-кандидати пред преговорите.

Дата Спроведувачи на анкети Прашање Да Не Несигурни
август,2005 “Capacent”-Галуп за федерација на исландските индустрии Почеток на преговори

Приклучување Усвојување на еврото

55%

43% 37%

37%

37% 54%

8%

20% 9%

Февруари,2006 Весникот “Fréttablaðið” Приклучување 34% 42% 24%
септември, 2007 “Capacent”-Галуп Почеток на преговори

Приклучување Усвојување на еврото

59%

48% 53%

26%

34% 37%

15%

18% 10%

февруари,2008 Весникот “Fréttablaðið” Приклучување

Повеќе причини од минатата година

55.1%

54.7%

44.9%

7.3%

-

38.1%

24 ноември 2008 Весникот “Fréttablaðið” Поднесување на барањето за членство 60% 40% -
јануари,2009 - Приклучување

Поднесување на барање за членство

38%

40%

38%

60%

24%

-

март,2009 - Почеток на преговори 64% 28% 8%
11 април 2009 Весникот “Fréttablaðið” Поднесување на барање за членство 45.6% 54.4% 0%
5 мај 2009 “Capacent”-Галуп Почеток на преговори

Приклучување

61%

39%

27%

39%

12%

22%

10 јуни 2009 “Capacent”-Галуп Референдум за подесување на барање за членство 76.3% 17.8% 5.8%
30 јули 2009 Весникот “Fréttablaðið” Почеток на преговори 51% 36% 13%
4 август 2009 “Capacent”-Галуп Приклучување 34.7% 48.5% 16.9%
15 септември 2009 “Capacent”-Галуп Приклучување

Ако има сега референдум? Задоволни со поднесеното барање?

32.7%

38.5% 39.6%

50.2%

61.5% 43.2%

17%

0% 17.1%

5 ноември 2009 Универзитет “Bifröst” Истражувачки институт Приклучување

Почеток на преговори

29.0%

50.5%

54%

42.5%

17%

7%

28 февруари 2010 “Capacent” -Галуп Приклучување 33.3% 55.9% 10.8%
5 март 2010 “Capacent” -Галуп Приклучување

Ако има сега референдум?

24.4%

30.5%

60%

69.4%

15.5%

0%

14 јуни 2010 ММР Повлекување на барањето за членство 57.6% 24.3% 18.1%
6 јули 2010 “Capacent” -Галуп Приклучување 26% 60% 14%
2 септември 2010 “Capacent” -Галуп Почеток на преговори 38.8% 45.5% 15.7%
29 септември 2010 Весникот “Fréttablaðið” Продолжување на преговорите 64.2% 32.8% 3%
24 јануари 2011 Весникот “Fréttablaðið” Продолжување на преговорите 65.4% 34.6% 0%
10 март 2011 “Capacent”-Галуп Приклучување

Ако има референдум сега?

31.4%

38.9%

50.5%

61.1%

18%

0%

17 март 2011 ММР Приклучување 30% 55.7% 14.2%


Споредба со други земји-членки на ЕУ[уреди]


Ако ЕУ ја прими Исланд,нејзиниот главен град Рејкјавик ќе биде и најсеверниот и најзападниот град на ЕУ.Од сите европски престолнини,Рејкјавик,исто така, ќе биде на најголемо растојаније од неговиот најблизок град,Даблин,1 497 km далечина,и ќе биде на второ место по најголема оддалеченост од Брисел,2 132 km,веднаш зад Никозија(2 906 km).
Ако Исланд е примена од ЕУ,ќе биде најмала земја-членка во однос на населението.Бидејќи нејзината површина (103,000 km2) е блиску до просечната за земјите од ЕУ (165,084 km2 )ќе биде најретко населена земја во ЕУ.
БДП на Исланд по жител е меѓу највисоките во Европа,како што е прикажано во следниве табели:

Членство во ЕУ Држава БДП по жител(изразено во долари)
1 Луксембург $80,304
2 Холандија $40,777
3 Австрија $39,454
4 Ирска $38,685
5 Шведска $37,775
6 Данска $36,764
Исланд $36,681
Просек во ЕУ $30,237
27 Романија $11,766


Членство во ЕУ Држава БДП по жител(изразено во долари)
1 Луксембург $78,000
2 Ирска $42,200
Исланд $39,600
3 Австрија $39,400
4 Холандија $39,200
Просек во ЕУ $32,600
27 Романија $11,500


Види исто така[уреди]


Надворешни врски[уреди]