Принцип на суперпозиција
Од Википедија, слободната енциклопедија
Принципот на суперпозиција е еден од најопштите закони во многуте гранки на физиката. Наједноставно, овој принцип може да се формулира на следниот начин:
Резултатот од дејството на неколку надворешни сили врз дадена честица е всушност збир од резултатите на дејствата на секоја сила одделно.
Најпознат е принципот на суперпозиција во електростатиката, каде тој утврдува дека електростатскиот потенцијал, создаден во дадена точка во системот од полнежи, е збир од потенцијалите на одделните полнежи.
Принципот на суперпозиција може и поинаку да се формулира:
- Заемодејството меѓу две честици не се менува при внесување на трета честица која исто така заемодејствува со другите две.
- Енергијата на заемодејство на сите честици во еден многучестичен систем е всушност збир од енергиите на парните заемодејства меѓу сите можни парови на честици. Во системот не постојат повеќечестични заемодејства.
- Равенките кои го опишуваат однесувањето на многучестичните системи се линерани по количеството на честици.
Всушност, линеарноста на фундаменталната теорија во дадена област на физиката е причина за појавата на принципот на суперпозиција.