Принсипе

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Оваа статија е за остров во Африка. За останати значења, видете ја страницата за појаснување.
Принсипе
Príncipe

Map of São Tomé and Príncipe with Príncipe near the top
Географија
Местоположба Сао Томе и Принсипе
Координати 1°37′ СГШ 7°24′ ИГД / 
Површина 136 км2
Највисока точка Пико де Принсипе
Покраина Принсипе
Окрузи 1 (Паге)
Главен град Санто Антонио
Демографија
Демоним Принсипеец
Население 5,000 ((проц.))
Густина 36,8 /км2
Други информации
Телефонски код: 00239-19x-xxxx

Принсипе (португалски: Ilha do Príncipe, „остров на принцот“[1]) е најсеверниот и помал главен остров во државата Сао Томе и Принсипе. Островот има вкупна површина од 136 километри квадратни и население од околу 5000 жители. Островот е од вулканско потекло и истиот е опколен од уште неколку помали острови, како што се Бом Бом, Каросо, Тињоса Гранде и Тињоса Пекена. Централните и северните делови на островот биле плантажи, основани за време на португалскиот колонијален период. На плантажите се одгледувало какао и шеќер и со тоа островот станал еден од најголемите производители на какао.[2]

Административна поделба[уреди]

Островот, целиот, е дел од округот Паге, кој е единствен округ во покраината Принсипе.

Населени места[уреди]

Принсипе има само еден град, Санто Антонио и еден аеродром. Покрај градот, на островот има и одреден број села, меѓу кои Бела Виста, Бомбом, Футуро, Невес Фереира, Пасиенсија, Понта Фонте, Рибеира Изе, Санто Антонио де Урека и Вила Роса.

Демографија[уреди]

Покрај официјалниот португалски јазик, на островот се зборуваат и принсипенскиот јазик и фороанскиот јазик. Островот има околу 5 000 жители.

Наводи[уреди]

  1. Се однесува на португалскиот принц во времето на колонијалниот период.
  2. Pinnock, D & Pinnock, G (2012) Chocolate Island. Africa Geographic. February 2012

Надворешни врски[уреди]