Применета антропологија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Применетата антропологија се однесува на применување на методите и теориите од антропологијата во анализата и решавањето на практичните проблеми. Антропологијата традиционално вклучува четири под-дисциплини – биолошка (т.е. физичка), културна, лингвистичка и археолошка антропологија – практичната примена на било која од овие поддисциплини може да бидат назначени како „применета антропологија“. Всушност, некои практични проблеми можно е да се повикаат на сите поддисциплини. На пример, една програма за развој на некоја американска староседелска заедница може да вклучи археолошко истражување за утврдување на легитимноста на тврдењата за права за водата, етнографија за оценување на актуелните и културните одлики на заедницата, лингвистика за враќање на употребата на јазикот меѓу жителите, и биолошка или медицинска антропологија за утврдување на причините на болестите предизвикани од недостигот на храна, итн.[1]

Антрополозите кои се занимаваат со применета антропологија често работат на неакадемски клиенти како влади, агенции за развој, невладини организации, племенски и етнички здруженија, групи за застапување, агенции за социјална работа и образовни организации, и бизниси. Етнографијата и набљудувањето со учество се примарните методи на применетата антропологија. Исто така се користат и текстуалната анализа, анкетните истражувања и други емпириски методи за создавање политики или пазарни производи.

Ова стои како контраст на чисто академската област на социо-културната антропологија, која можеби повеќе се грижи за создавање на теоретски модели кои одговараат на единиците на анализата, пр. социјална нееднаквост, однесување, размена, релативна етичка вредност итн. Некогаш кога истражувањето паѓа во полето на применетата антропологија, се разликува од таквото истражување, и според тоа се нарекува „основна“ антропологија.

Примери на прашања кои применетата антропологија се обидува да ги реши можат да бидат:

  • Ако Американец купи пелени во 2 часот по полноќ во сабота во продавница, што најверојатно ќе му биде следниот производ?
  • Како можат јавните здравствени установи да ја промовираат употребата на кондоми помеѓу членови на одредена супкултура?
  • Како можат антрополозите да им помогнат на Човечки теренски тимови (Human Terrain Teams) да идентификуваат непријателски елементи во Ирак?
  • Кои мерки можат да бидат преземени за нуркање по сунѓери да биде побезбедно за грчките нуркачи по сунѓер?
  • Зошто луѓето мигрираат од едно до друго место?

Најдоброто списание за применета антропологија во САД е Човекова организација (Human Organization), објавено од Здружението за применета антропологија (Society for Applied Anthropology).

Под раководство на Кралскиот антрополошки институт RAI (Royal Anthropological Institute), Џонатан Бентхал (Jonathan Benthall), автор на „Најдоброто од Антропологијата денес“ (The Best of Anthropology Today), било воведено годишното одликување со медал Луси Мер (Lucy Mair) за применета антропологија. Ова ја доведува предвид извонредноста на употребата на антропологијата „за олеснување на сиромаштијата и патењето, или за активното признавање на човечкото достоинство“.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Willigen, John Van (2002). Applied Anthropology: An Introduction. Greenwood Publishing Group. ISBN 0897898338.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]