Прилив (хидрологија)
Од Википедија, слободната енциклопедија
Во хидрологијата, прилив на една водна површина е изворот од кајшто доаѓа нејзината вода. Поимот може да се однесува и на просечното количество на дојдовна вода во единица време. Спротивно на ова е поимот одлив.
Сите водни површини имаат повеќе разни приливи, но честопати еден од нив предоминира како главен извор на вода. Во други случаи не постои еден главен прилив, туку водоснабдувањето е релативно рамномерно, од неколку извори.
Кај езерата, приливот најчесто е река или поток што се влева непосредно во езерото. Друг облик на прилив кој не е во облик на водотек се врнежите, како да речеме дождот.
Под „прилив“ може да се подразбере и длабоко исцедување на земјиштето.
| Оваа статија од областа на географијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |