Прилепско кралство

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Прилепско кралство

1365–1395
Карта на Прилепското кралство
Главен град Прилеп
Уредување Кралство
Крал
 -  1371-1395 Крале Марко
Историја
 -  Основана 1365
 -  Потчинување од страна на Бајазит I 1395
Денес во  Македонија

Прилепското кралство било средновековна држава во западна Македонија, со седиште во Прилеп. Владетели биле кралевите Волкашин и Крале Марко.

Кралството во времето на Волкашин[уреди]

Својата држава, Волкашин ја воспоставил до крајот на 1365 година. Тој се потпрел на Охридската архиепископија, а пеќскиот патријарх го лишил од јурисдикција врз Скопската и Призренската митрополија. Волкашин подигнал многу цркви и манастири, меѓу кои посебно репрезентативен е манастирот „Св. Димитрија“ во близина на Скопје. Волкашин владеел до 1371 година кога во битката кај Марица против Османлиите бил убиен заедно со неговиот брат Углеша.

Кралството во времето на Крал Марко[уреди]

Воената кампања за освојување на територијата под владение на Крал Марко од страна на Османлиите започнала во 1385 година, под водство на румелискиот беглербег Тимурташ-паша. Тој, откако собрал голема војска се упатил кон Прилеп и Битола. Пробивот најверојатно се одвивал преку вазалната територија на Константин Драгаш. Најпрвин, бил нападнат и заземен Прилеп, кој се предал без борба. Потоа, била нападната и Битола, која за разлика од Прилеп давала силен отпор. По извесно време и Битола била освоена и подложена на силна пљачка поради непослушноста за мирно предавање. Со освојувањето на овие градови, Крал Марко станал вазал на султанот се до неговата смрт во битката кај Ровине во 1395 година.


Надворешни врски[уреди]