Претседател на Демократската Народна Република Кореја

Од Википедија — слободната енциклопедија
Претседател на Демократската Народна Република Кореја
Грб на Северна Кореја
Функционер
Ким Ил-сунг

од 28 декември 1972
(Вечен претседател од 8 јули 1994) г.
Мандатвечност
Прв функционерКим Ту-бонг
(како претседател на Президиумот на Врховното Народно Собрание)
Создадена25 јуни 1938

Претседателот на Демократската Народна Република Кореја или Северна Кореја е највисоката политичка позиција на оваа азиска држава која е воведена со уставот на Северна Кореја во 1972 година. До воведувањето на функцијата, Ким Ил-сунг, прв владетел на комунистичка Северна Кореја, бил премиер на државата и Генерален секретар на Работничката партија на Кореја. Во 1972 кога била основана позицијата, Ким Ил-сунг бил назначен за прв претседател на Северна Кореја, поточно на 28 декември од страна Врховното Народно Собрание. Ким Ил-сунг бил претседател на Северна Кореја сè до неговата смрт во 1994 година, но и денес тој е формално претседател на државата. Четири години по смртта на Ким Ил-сунг, уставот бил изменет, функцијата претседател била укината и наместо неа се основала нова - Вечен претседател на Републиката, која ја носи починатиот Ким Ил-сунг.

Поврзано[уреди | уреди извор]