Претседател на Куба

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Куба
Coat of arms of Cuba.svg

Оваа статија е дел од серијалот:
Политика на Куба


Институции

Личности и огранизации

Демократија и човекови права

Надворешни односи


други земји
 Портал „Политика“

Претседателот на Куба е шеф на државата Куба. Според кубанскиот Устав од 1976 год., претседателот е главното извршно лице на Државниот Совет на Куба. Претседателот на Државниот Совет едновремено е и шеф на државата и шеф на владата. Во случај на негово отстуство, болест или смрт, првиот заменк претседател ги зема неговите должности.

Начин на избирање[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Избори во Куба.

Претсдателот на Државнот Совет се бира од Националното собрание. Собранието се бира од народот секои 5 години. Дваесет и првиот и моментален претседател е Раул Кастро.

Повластувања[уреди]

Претседателот на Куба е повластен да го спроведе следново:

  1. Да ја претставува државата и владата и да ја води нивната општа полиика;
  2. Да организира и управува со активностите на, да свика и претседава со седниците на Државниот Совет и Министерскиот Совет;
  3. Да го контролира и надгледува развојот на активностите на министрите другите централни агенции на административната апаратура;
  4. Да заземе водство на било кое министерство или централна агенција на административната апаратура;
  5. Да му предлага на Народното Собрание на Народната Власт, члениво за Министерскиот Совет;
  6. Да прифаќа оставки од членовите на Министерскиот Совет и да му предлага или на Националното Собрание на Нардната Власт, или на Државниот Совет замена за било кој од тие членови, во двата случаја, да предлага одговарачки замени;
  7. Да прима акредитивни писма од водачите на делегациите на странски дипломатски мисии. Оваа должност можа да му се делегира на било кој од замениците претседатели на Државниот Совет;
  8. Да ја заземе врховната команда на сите вооружени инситуции и да ја одреди нивната општа организација;
  9. Да претседава со Националниот Совет за Одбрана;
  10. Да прогласи вонредна состојба во случаи покриени од овој Устав, искажувајќи ја неговата одлука, веднаш штом околностите го дозволат тоа, на Националното Собрание на Народната Власт или пак на Државниот Совет доколку Собранието не може да се состане, според правните норми;
  11. Да потпишува указни закони и други решенија на Државниот Совет и правните одредби усвоени од Министерскиот Совет или неговиот Извршен Комитет, и да се погрижи за нивно објавување во Службениот Весник на Републиката;
  12. Да ги прењземе сите други должности кои му се припишуваат во Уставот или со закон.

Видете исто така[уреди]