Премиер на Јапонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Премиер на Јапонија
Службен амблем на премиерот
Функционер
Фумио Кишида

од 4 октомври 2021 г.
ЗвањеНеговата Екселенција
СедиштеКантеј
НазначувачЦарот
МандатНајвеќе 4 години (без ограничување на бројот на последователни мандати)
Прв функционерИто Хиробуми
Создадена22 декември 1885
Мреж. местоwww.kantei.go.jp

Премиерот на Јапонија (јап. 内閣総理大臣, трскр. најкаку-сори-дајџин) е шеф на владата на Јапонија. На функцијата го изгласува Собранието на Јапонија, избирајќи од своите пратениците, а на функцијата го назначува царот. За да остане на функцијата треба да ја ужива довербата на Претставничкиот дом. Премиерот е шеф на кабинетот и ги назначува или разрешува министрите. Буквален превод на јапонскиот назив на функцијата е Министер за сеопфатна управа со кабинетот или Министер што претседава со кабинетот.

Функцијата е создадена во 1885, четири години пред донесувањето на уставот на Јапонското царство. Денешниот облик на функцијата се должи на уставот од 1947.

Назначување[уреди | уреди извор]

Премиерот го избираат двата дома на Собранието со гласање од два круга. Доколку домовите изберат различни лица, тогаш се формира заедничка комисија што има за задача да постигне согласност за едно лице. Доколку не се договорат во рок од десет дена, тогаш функцијата му припаѓа на лицето што го предложил Претставничкиот дом. Затоа, во теорија, Претставничкиот дом може да избере кого сака.[1] Потоа кандидатот формално стапува на функција со негово назначување од страна на царот.[2]

Лицето мора да ја отстапи функцијата доколку Претставничкиот дом му изгласа недоверба или ја надгласа довербата, под услов домот да не се растури во следните десет дена.[3]

Должности[уреди | уреди извор]

Уставни улоги[уреди | уреди извор]

  • Врши „контрола и надзор“ врз сета извршна власт.[4]
  • Поднесува нацрт-закони во Собранието во име на кабинетот.[5]
  • Потпишува закони и налози на кабинетот (заедно со други членови на кабинетот).[6]
  • Ги назначува сите министри на кабинетот, со можност да ги разреши во секое време.[7]
  • Може да одобри правна постапка против членови на кабинетот.[8]
  • Мора да пишува отчети за и домашните и надворешните односи и да му ги доставува на Собранието.[5]
  • Мора да дава отчет на барање на Собранието, одговарајќи на прашања или давајќи образложенија.[9]

Статутарни улоги[уреди | уреди извор]

Обележја[уреди | уреди извор]

Список на премиери од 1982 до 2012[уреди | уреди извор]

Име Мандат Датум на раѓање и смрт
Тошики Кајфу 1989–1991 2 јануари 1931(1931-01-02)(93 г.)
Киичи Мијазава 1991–1993 8 октомври 1919 – 28 јуни 2007
Морихиро Хосокава 1993–1994 14 јануари 1938(1938-01-14)(86 г.)
Цутому Хата 1994 24 август 1935(1935-08-24)(88 г.)
Томиичи Мурајама 1994–1996 3 март 1924(1924-03-03)(100 г.)
Рјутаро Хашимото 1996–1998 29 јули 1937 – 1 јули 2006
Кејзо Обучи 1998–2000 25 јуни 1937 – 14 мај 2000
Јоширо Мори 2000–2001 14 јули 1937(1937-07-14)(86 г.)
Џуничиро Коизуми 2001–2006 8 јануари 1942(1942-01-08)(82 г.)
Шинзо Абе 2006–2007 21 септември 1954(1954-09-21) - 8 јули 2022(2022-07-08) (возр. 67)
Јасуо Фукуда 2007–2008 16 јули 1936(1936-07-16)(87 г.)
Таро Асо 2008–2009 20 септември 1940(1940-09-20)(83 г.)
Јукио Хатојама 2009–2010 11 февруари 1947(1947-02-11)(77 г.)
Наото Кан 2010–2011 10 октомври 1946(1946-10-10)(77 г.)
Јошихико Нода 2011–2012 20 мај 1957(1957-05-20)(66 г.)
Шинзо Абе 2012–2020 21 септември 1954(1954-09-21) - 8 јули 2022(2022-07-08) (возр. 67)
Јошихиде Суга 2020–2021 6 декември 1948(1948-12-06)(75 г.)
Фумио Кишида 2021- 29 јули 1957(1957-07-29)(66 г.)

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Член 67 од Уставот на Јапонија
  2. Член 6 од Уставот на Јапонија
  3. Член 69 од Уставот на Јапонија
  4. Член 5 од Уставот на Јапонија
  5. 5,0 5,1 Член 72 од Уставот на Јапонија
  6. Член 74 од Уставот на Јапонија
  7. Член 68 од Уставот на Јапонија
  8. Член 75 од Уставот на Јапонија
  9. Член 63 од Уставот на Јапонија
  10. Cabinet Act, article 4
  11. Закон за Самоодбранбените сили од 1954
  12. Закон за судски спорови во управата, Член 27

Надворешни врски[уреди | уреди извор]