Предраг Русевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Предраг Русевски (роден на 3 август 1983) е македонски тенисер. Дел е од Дејвис куп репрезентацијата на Македонија. Настапува во поединечна конкуренција, како и во двојки, заедно со Лазар Магдинчев. Игра со десна рака. Му лежат терените на земјена подлога.

Кариерата на Русевски тргна по нагорна линија во 2007 година. На почетокот од годината беше на 556 место на АТП листата со освоени 43 бодови, во јуни првпат успева да биде рангиран под 300. место. Годината ја завршува на 250. место со освоени 161 поен.

Настапувал на повеќе челинџ и фјучерс турнири, а во јули 2007 година настапи на својот прв АТП турнир, во Умаг, Хрватска, каде го губи мечот во првото коло од Виктор Троицки. Негов најдобар пласман на АТП листата е 242 место во Февруари 2008 година.

Надворешни врски[уреди]