Предавство (теленовела)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Предавство
Филмскиот плакат
Жанрдрама
теленовела
Создадена одХосе Фернандо Перес
УлогиМарио Симаро
Дана Гарсија
Мишел Вит
Исмаел ла Роса
Земја на потеклоСАД / Колумбија
Првичен јазикшпански
Бр. на епизоди106
Производство
Извршен продуцент(и)Хуго Леон Ферер
Времетраење45 минути
Прикажување
Првична мрежаТелемундо
Првично прикажување29 јануари 2008 – 27 јуни 2008
Надворешни врски
Мрежна страницаtv.telemundo.yahoo.com/latraicion/

Предавство (шпански јазик: La Traicion) е колумбиска теленовела. Серијата во САД со прикажување започна на 29 јануари 2008 во ударниот термин заменувајќи ја теленовелата Семето на љубовта. Во главните улоги се појавуваат Дана Гарсија и Марио Симаро.Кај нас серијата се емитува на Сител Телевизија.

Синопсис[уреди | уреди извор]

Ова е прекрасна приказна, која се развива со времето, во кое двојните стандарди, претставата за луѓето и тајните имале важни значења. Тука ќе биде водена битка помеѓу доброто и лошото, љубовта и омразата и најмногу помеѓу верноста и предавството. Хуго де Медина е еден од најатрактивните мажи во околината, освен тоа е милионер, но крие голема тајна: болен е од каталепсија, наследена од неговиот татко. Bo некои моменти изгледа чуден и е мислен за женкар, кој ги поминува ноќите со жени и ги остава. Сè се менува, кога Хуго ја запознава убавата Соледад де Обрегон, чиста и нежна девојка, верница во вистинската љубов, бунтовна и смела. Таа средба е почетокот на нешто ново, нешто убаво и непознато до тој момент за двајцата. Хуго е обвинет и предизвикан во двобој од Артуро де Линарес, братот на Беатрис, која е опседната со господинот де Медина. И покрај тоа брат и сака да му се домазди на Хуго не толку заради сестра си, колку заради омразата и зависта, која ја чувствува кон него... Алсидес е брат-близнак на Хуго и негова полна противположба, негов ѓавол, најмногу, бидејќи секогаш бил во неговата сенка, родителите повеќе го сакале Хуго, освен тоа тој ја одзема жената, која Алсидес отсекогаш ја сакал, Соледад. После многу пресметки како обвинение за изнасилувањето на Беатрис кон Хуго, интиригите на брат му и на Артуро, двајцата вљубени не сакат да се разделат еден од друг. Мајката на Соледад, Естер, наполно е против нивната свадба, бидејќи никогаш не ги сакала избраниците на нејзината ќерка, а го бранела Алсидес. Но, доаѓа моментот во кој таа треба да се приклучи, бидејќи семејството Обрегон должи голема сума пари на злобниот Манрике, кој ги притиска. На денот на свадбата Хуго не се појавува, Соледад е изнервирана, оди да го бара и го наоѓа. Но, го наоѓа беспомошното тело, и докторот им соопштува на сите, дека Хуго де Медина е мртов. Тоа всушност не е така, тоа е пристап на болеста каталепсија. Најверниот човек на Хуго, Борис за тоа време купува земја од господарот и нема претстава што се случува... Го погребуваат Хуго, Соледад е најтажната од сите, нејзиниот сакан, тој, кој го сакала од цело срце веќе го нема, но скоро дознава дека е бремена и ќе и остане спомен од Хуго. И покрај тоа семејството Обрегон сè уште има долгови кон Манрике и тој како Алсидес и е на пат да го наследи богатството на Хуго, Естер ја притиска ќерка и да се омажи за него. Така и ќе биде, но што ќе се случи, кога Хуго ќе се врати, спасен од семејството Бурке, чија цел е да добијат пари по не толку чесен начин. Сè се заплеткува, кога се појавуваат Ребека Монтенегро и нејзината внука Елоиса Ренан. Тие ќе се обидат максимално да и го загорчат животот на Соледад, а кога Хуго ќе се врате Елоиса ќе му фрли “око”, само единствено заради парите, а тој ќе се врзе за неа, за да и се одмазди на Соледад за болката, поради нејзиното “Предавство”...

Улоги[уреди | уреди извор]

Глумци Ликови
Марио Симаро Хуго де Медина / Алсидес де Медина
Дана Гарсија Соледад де Обрегон
Мишел Вит Мишел
Исмаел ла Роса Даниел вон Сирак
Хари Геитнер Франциско / Пако / Пакито
Цезар Мора Гуљелмо Бурке
Вирна Флорес Елоиса Ренан
Росана Фернандес Малдонадо Беатриз де Линарес

Предавство на Балканот[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]