Прво послание до Солунјаните

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Нов Завет
Peresopnytske Gospel 04.jpg

Книги
Manuscripts

Првото послание на апостол Павле до Солунјаните е книга од Новиот Завет, која била напишана од страна на апостол Павле. Се смњта дека оваа послание на апостол Павле било напишано во 52 година[1], и според денешните извори, оваа послание е најстариот христијански пишан документ од Новиот Завет, бидејќи евангелијата биле напишани десетина години подоцна.

Раните христијани верувале дека Павле оваа послание го напишал во Атина, додека пак современите истражувачи сметаат дека било напишано во Коринт. Посланието било испратено до солунската црква, која, како христијанска заедница, имала и таен дом за молитва, а можеби и катакомба.

Посланието се состои од пет глави. Првите три биле напишани во посебен стил, додека останатите две се состојат од доктринска практика. Главната цел на Павле преку ова послание била да ги охрабри христијаните во Солун, бидејќи тогаш христијанството било нелегално во тогашната Римска Империја. Поголемиот дел од жителите на Солун пред да го прифатат христијанството биле пагани, и се поклонувале на своите идоли. Ова го споменува и самиот Павле:

Каков пристап имавме кон вас и како се обрнавте кон Бога од идолите, за да Му служите на живиот и вистински Бог

По заминувањето во Атина, Павле не бил сигурен колку новите христијани ја прифатиле верата. Тој посакал повторно да дојде кај нив, но не можел па го пратил својот соработник Свети Тимотеј во Солун. Тој се вратил со охрабрувачка вест: Солунјаните го прошириле христијанството и во останатите делови на Македонија. Сепак, било напоменето дека христијаните по се изгледа не го разбрале добро учењето на Павле. Па според ова, апостол Павле напишал послание со цел да ги охрабри:

Најпосле, браќа, бараме и ве опоменуваме во Господа Исуса, да изобилувате повеќе во она што го примивте од нас, како треба да живеете и да Му угодувате на Бога, како што и успевате во тоа.

Апостол Павле во посланието ги предупредил жителите на Солун да живеат достојно и да се воздржат од насилство. Во посланиет Павле пишувал и за повторното Христово доаѓање.

Наводи[уреди]

  1. Raymond E. Brown, An Introduction to the New Testament, Anchor Bible, 1997. pp. 456-466.