Празниот Гроб

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Празниот Гроб е термин кој се употребуа за гробот во кој бил погребан Исус по неговата смрт. Ниту едно од четирите Евангелија не дава сеопфатна или целосна претстава за Воскресението на Исус или за неговите настапи. Евангелијата пишуваат дека Марија Магдалена била прва која го посетила гробот на Христос. Иако Христовото тело било положено во гробот по распнувањето и смртта, гробот бил празен. Кога жените се вратиле од гробиштата утрото на Велигден, тие им соопштиле на Апостолите дека гробот е празен и дека го виделе Исус, кој воскреснал од мртвите. Апостолите сепак не верувале во тоа, сè додека Исус не ги посетил.