Празната куќа

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај


„Празната куќа“  
Return of sherlock holmes.jpg
Автор Сер Артур Конан Дојл
Наслов на
оригиналот
The Adventure of the Empty House
Земја Обединето Кралство
Јазик англиски
Серијал Враќањето на Шерлок Холмс
Жанр(ови) детективска приказна
Издавач Strand Magazine
Издадена 1903
Медиум печатено
Претходна „нема“
Следна Норвудскиот градежник

Празната куќа или Авантурата во празната куќа (англиски: The Adventure of the Empty House) е една од 56-те кратки приказни за Шерлок Холмс напишани од шкотскиот писател Сер Артур Конан Дојл. „Празната куќа“ е една од 13 приказни во книгата Враќањето на Шерлок Холмс. Јавниот притисок го натерал Конад Дојл повторно да објавува приказни со Шерлок Холмс, поточно да го оживее Шерлок Холмс по смртта на ликот во претходната книга. Самиот Конан Дојл ја ставил оваа приказна на шестото место на неговиот список на омилени приказни за Шерлок Холмс.

[уреди] Сиже

Наспроти станот на Шерлок Холмс на Бејкер Стрит има празна куќа која гледа во станот на детективот и негова поставена восочна фигура. Фигурата била поставена како мамка за Себастијан Моран, преживеан соработник на професорот Моријарти. Во април 1894 година, Вотсон (сега веќе вдовец) оди во Парк Лејн 427 каде бил убиен младиот коцкар Роналд Адер. Вотсон налетал и се судрил со еден стар колекционер на книги, кој патем го следи до неговите простории и на крај открива дека всушност колекционерот е Шерлок Холмс. Во продолжетокот, Шерлок Холмс му објаснил на Вотсон како ја преживеал битката со професорот Моријарти, што работел до тој момент и како се снаоѓал. Понатака, двајцата продолжуваат со нивните детективски авантури.[1]

[уреди] Наводи

  1. Празната куќа, Враќањето на Шерлок Холмс, Конан Дојл, Лондон, 1903.

[уреди] Поврзано


Книга Ова е недовршена статија за литература. Вие можете да помогнете за нејзината дообработка.


Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици