Право на живот

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Право на живот е елементарно право на човекот базирано на верувањето дека секој човек има право да живее. Концептот за правото на живот е централен во дебати поврзани со прашањата за: еутаназија, смртна казна, абортус, самоодбрана.

Во член 3 од Универзалната декларација за човековите права од 1948 година, стои:

Секој има право на живот, слобода и сигурност.

Правото на живот е загарантирано и со Уставот на Република Македонија, според членот 10:[1]

Животот на човекот е неприкосновен. Во Република Македонија не може да се изрече смртна казна по ниту еден основ.

Наводи[уреди]

  1. „Устав на РМ“. Собрание на Република Македонија. http://www.sobranie.mk/ustav-na-rm.nspx.