Похота, претпазливост (филм)

Од Википедија

Скокни на: навигација, барај
Похота, претпазливост
Lust caution.jpg
Филмскиот постер
Режирано од Анг Ли
Продуцирано од Анг Ли
Вилијам Конг
Џејмс Шејмус
Напишано од Ејлин Ченг (расказ)
Хуи Линг Ванг
Џејмс Шејмус
Настапуваат Тони Леунг
Чиу-Вај
Танг Веј
Ванг Ли-Хом
Џоан Чен
Музика од Александар Десплат
Кинематографија Родриго Пието
Дистрибутер Focus Features
Universal
Премиерни датум(и) 24 септември 2007
Држава Кина
Тајван
Јазик мандарински
кантонски
шангајски
англиски
јапонски

Похота, Претпазливост (кин. 色,戒) е кинески шпионски трилер режиран од тајванскиот режисер Анг Ли во 2007 заснован на истоимен расказ објавен во 1979 година од кинескиот автор Ејлин Ченг. Анг Ли, со Оскар награден режисер, го добил својот втор „Златен лав“ на филмскиот фестивал во Венеција за овој филм. Приказната се одвива највеќе во Хонг Конг во 1938 и во Шангај во 1942, кога градот бил окупиран од Јапонија и под марионетска власт на Ванг Јингвеј. Филмот претставува група кинески студенти кои заговараат атентат на висок кинески колаборационист користејќи млада жена која би го намамила во стапица.

Филмот и приказната се лабаво базирани на случки за време на јапанската окупација на Шангај. Експлицитните секс сцени во филмот резултирале тој да биде рангиран со NC-17 во САД.

[уреди] Заплет

Во Шангај од 1940-тите години, окупиран од Јапонија, добро облечена и атрактивна кинеска наречена „Г-ца Мак“ (Танг Веј) седи во кафуле во елитна четврт. Кога ќе повика машки пријател, нејзините безопасни коментари се кодирани сигнали за почеток на акција на ќелија млади агенти. Филмот тогаш оди наназад во 1938 година кога почнува трансформацијата на срамежливата и неискусна студентка Вонг Чија Чи во гламурозната г-ца Мак, нејзината маска во кинескиот отпор. Чија Чи била оставена сама во Кина од нејзиниот татко кој побегнал во Англија. Додека е бруцош, Кванг Ју Мин (Ванг Ли-Хом) ја поканува да учествува во неговата патриотска театарска трупа. Чија Чи станува водечка дама, инспирирајќи ги и публиката и нејзиниот нов пријател Кванг.