Потопи ми ја главата!

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Потопи ми ја главата!“ (руски: Утопи мою голову!) — збирка раскази од рускиот писател Јуриј Мамлеев од 1990 година. На македонски јазик, збирката е објавена во 2010 година во издание на Темплум, како 81 книга во рамките на едицијата „Магма“. Преводот од руски јазик е дело на Ѓорѓи Крстевски.

Технички одлики[уреди | уреди извор]

Збирката е печатена во мал формат (18 сантиметри), во мек повез и има 180 страници. Книгата е каталогизирана во Националната и универзитетска библиотека Св. „Климент Охридски“ - Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-9989-189-71-5. Графичкото уредување и дизајн е дело на фирмата „Кома“. На предната корица е наоѓа слика на Rachel Goodyear, додека на задната корица е даден кус осврт врз книгата и попис на дел од објавените книги во едицијата „Магма“.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Збирката „Потопи ми ја главата!“ содржи десет раскази, а покрај нив, на крајот од книгата е дадена куса биографија на авторот. Во збирката се застапени следниве раскази:[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Јуриј Мамлеев, Потопи ми ја главата!, Темплум, Скопје, 2010.