Пост-панк

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Пост-панк е жанр во рок музиката кои произлегол од експлозијата на панкот во 1970-те години со кој често се поврзува, но вообичаено е покомплексен и повеќе експериментален.[1] Следствено, пост-панкот е важен за појавата на алтернативниот рок кој се појавува во 1980-те. Многу од познатите бендови во алтернативниот рок истакнале дека пост-панкот извршил големо влијание врз нив.

На самиот пост-панк огромно влијание има извршено музичката сцена од Германија со познатите бендови како Kraftwerk и Tangerine Dream[2]. Германската музичка сцена била препознатлива по својот експериментален карактер како и по употребата на електронски инструменти во класична рок средина. Под ова влијание, пост-панкот се развивал во правец со побавно и посмирено темпо од тоа на панкот. Исто така, самите текстови на песните се помалку радикални и контроверзни иако сепак ги одразуваат општествените проблеми од тоа време.[3]

Доаѓањето на Маргарет Тачер за премиер во Велика Британија во 1979, како и на Роналд Реган за преседател на САД во 1980 со нивните конзервативни политики предизвикуваат значајни и понекогаш турбулентни промени во овие две општества. Тоа ги инспирирало бендовите од пост-панкот да прават музика со која ќе ги опишат овие промени. Во средината на 1980-те години пост-панкот се развива во неколку оддвоени правци. Некои од нив продолжуваат со класичниот рок шаблон со гитари и тапани, други пак ја отфрлаат традицијата и продолжуваат со комплетно електронска музика без гитари. Самиот развиток на технологијата довел до поголема пристапност на електронските инструменти (синтисајзери и семплери) што придонесло за нивна поголема употреба од страна на музичарите. Други бендови пак ги спојувале афро-американските музички правци (рапот) со рок музика. Како резултат на ова се појавиле бендови како Бисти Бојс. Некои пак се навратиле на фолк музиката од 1960-те години под влијание на Боб Дилан и како резултат настанале бендови од типот на R.E.M. Пост панкот извршил и големо влијание на музика која ќе стане популарна во 1990-те години, особено на гранџот и бендовите од типот на Nirvana и Pearl Jam.

Попознати музичари и бендови се: Joy Division, Talking Heads, Gary Numan, Killing Joke, Echo & the Bunnymen, The Replacements, Swans, Sonic Youth и R.E.M.

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]