После венчавката (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


„После Венчавката
(Efter brylluppet)“
After the Wedding.jpg
Режирано од Сузан Биер
Продуцент Сис Граум Олсен
Сценарист Сузани Биер
Андерс Томас Џенсен
Настапуваат Мадс Микелсен
Ролф Ласгард
Сидсе Бабет Кнудсен
Стин Фишер Кристенсен
Кристијан Тафдруп
Дистрибутер Soda Pictures
Премиера 9 март 2007
Времетраење 120 мин.
Држава  Данска
Јазик дански
шведски

После венчавката е дански филм од 2006 година. Режиран од Сузан Биер а главните улоги ги толкуваат Мадс Микелсен и Сидсе Бабет Кнудсен , филмот бил номиниран за Оскар за најдобар филм од странско говорно подрачје.

Синопсис[уреди]

Јакоб Педерсон управува со индиско сиропиталиште. Имајќи малку вработени, Јакоб работи напорно за да го одржи сиропиталиштето, истовремено лично инвестирајќи во децата, посебно во Прамод, детенце за кое тој се грижи од самото раѓање. Сиропиталиштето се соочува со пропаѓање веќе осум години а му прети и банкротство. Данска корпорација нуди голема донација за одржување на сиропиталиштетот, но Јакоб мора да се врати во Данска (од каде потекнува) за да ги добие средствата. Според најавата, извршниот директор на корпорацијата, Јирген Хансон сака да се запознае со Јакоб.