Посвојување

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сестра Ирена со децата во Болницата за најденчиња во Њујорк. Сестра Ирена е помеѓу првите иницијатори на модерното посвојување, воспоставувајќи систем за сместување на децата (во станови), отколку за нивно институционализирање.

Посвојувањето е чин на легално сместување на дете со родител или родители, кои не се негови биолошки родители. Налогот за посвојување има за цел да ги прекине родителските одговорности и права на оригиналните родители и да ги префрли тие одговорности и права на родителите кои посвојуваат.

Историја на посвојувањето[уреди | уреди извор]

Антика[уреди | уреди извор]

Посвојување за оние од богати семејства
Трајан станал император на Рим преку посвојување, обичајна практика во империјата за обезбедување мирно предавање на власта.

Посвојувањето се смета за типична американска институција, која влева верба во општественото уредување и подвижноста.[1] И покрај фактот дека модерната форма се појавила во Соединетите Американски Држави, практиката на посвојувањето има голема историја низ цивилизацијата. Хамурабиевиот законик, на пример, содржи детали за правата на посвојувачите и одговорностите на посвоените поединци, а практиката на посвојување во Стар Рим е добро образложена во Јустинијановиот кодекс.[2][3] Забележливо, различно од модерниот период, во посвојувањето во антиката акцентот е ставен на интересот на посвојувачот,[4] обезбедувајќи законско орудие за зацврстување на политичките врски помеѓу богатите семејства и создавање на машки наследници за управување со имотите.[5][6] Практикувањето на посвојувањето од аристократијата е документирано; многу од римските цареви биле посвоени синови. Посвојувањето на мали деца за време на антиката е многу ретко.[7] Напуштените деца честопати биле собирани за робови и сочинувале значителен процент од залихата на робови на империјата.[8].[9][10] Римските правни записи укажуваат дека најденчињата понекогаш биле прибирани од некои семејства и одгледувани како син или ќерка. Иако обично не биле посвоени во рамките на римскиот закон, децата кои биле наречени алумни биле одгледувани во услови слични на старателство, со тоа што биле сметани за сопственост на таткото кој ги напуштил.[11] Другите антички цивилизации, особено Кина и Индија, исто така применувале некаква форма на посвојување. Доказите покажуваат дека нивните обиди биле со цел да се обезбеди континуитет на културните и религиозните практики, спротивно од западната идеја за продолжување на семејните лози. Во античка Индија, „секундарнот син“ што јасно е опишан во Ригведа[12], продолжил да постои во ограничена и високо ритуална форма, за на посвојувачот да може да му се извршат одредени погребни обреди од страна на синот.[13] Во Кина имало сличен концепт на посвојување, со посвојување момчиња само за да ги извршуваат должностите на почитување на предците.[14]

Среден век[уреди | уреди извор]

Посвојувањето и обичните луѓе
Пред монастирската порта.

Аристократијата на Германските, Келтските и Словенските култури кои доминирале во Европа по распадот на Римското Царство се откажала од практиката на посвојување.[15] Во средновековното општество крвното сродство било најважно; владејачка династија што немала роден наследник на престолот била заменувана, што е остра спротивност на Римските традиции. Еволуцијата на европските закони ја одразува оваа аверзија спрема посвојувањето. Англискиот Обичаен Закон, на пример, не дозволувал посвојување затоа што било во спротивност со традиционалните правила за наследство. На истиот начин, и Кодот на Наполеон во Франција го отежнувал посвојувањето, со тоа што според него посвојувачите требало да бидат постари од 50 години, стерилни, постари од личноста што ќе ја посвојат најмалку 15 години и претходно да се грижеле за посвоениот барем шест години.[16] Културното преуредување на Европа обележало период на иновација кај посвојувањето. Без поддршка од аристократијата, фокусот постепено се поместувал кон напуштените деца. Нивоата на напуштање се зголемувале со падот на империјата, многу од најденчињата биле оставани на прагот на Црквата.[17] Во почетокот, свештенството реагирало со изготвување правила за регулирање на изложувањето, продажбата и одгледувањето на напуштените деца. Сепак, иновацијата на Црквата била метод на жртвување, бидејќи децата биле заветувани на манастирски живот и одгледувани во рамките на манастирот. Со ова се создал првиот систем во историјата на Европа во кој напуштените деца биле без законски, социјален или морален хендикеп. Како резултат на ова, многу од сирачињата или напуштените деца во Европа станале поранешни ученици на Црквата, која ја презела улогата на посвојувач. Жртвувањето го обележува почеткот на поместувањето на фокусот кон институтионализацијата, постепено водејќи кон основањето на првите болници за најденчиња и сиропиталишта.

Модерен период[уреди | уреди извор]

Посвојување заради создавање семејство

Следната етапа во еволуцијата на посвојувањето се издвојува со создавањето на Соединетите Американски Држави. Брзата имиграција и последиците од Американската Граѓанска Војна резултирале со невидено претрупување на сиропиталиштата и домовите за најденчиња во средината на XIX век. Чарлс Лоринг Брејс, протестантски свештеник, бил вџашен од легијата бездомни сирачиња кои талкале низ улиците на Њујорк. Брејс сметал дека напуштените деца, особено католиците, се најопасниот елемент што би можел да го наруши редот во градот.[18]

Чарлс Лоринг Брејс.

Неговото решение е објаснето во “Најдобриот начин да се ослободиме од нашите парталави и бездомни деца” 1859) со што започнало движењето Воз за сирачиња. Возовите за сирачиња со текот на времето пренеле околу 200000 деца од градските подрачја на истокот до руралните региони.[19] Децата обично биле земани како работници, а не посвојувани од семејствата што ги прифаќале.[20] Како што поминувало времето, некои деца биле воспитувани како дел од семејството, додека други биле сметани заработници на фарма или домашни слуги.[21]

Вилијам и неговиот брат Томас биле качени во Возот за сираци во 1880 на возраст од 11 и 9 години соодветно. Вилијам бил одведен во добар дом. Томас бил експлоатиран и злоупотребуван. Браќата подоцна успеале да се вратат во Њујорк и пак да се сретнат.

Целосната големина на раселувањето - најголемата миграција на деца во историјата - и степенот на експлоатација поттикнало создавање на нови агенции и серија закони што се залагале за промоција на посвојувањето, наместо вработувањето на децата. Главен печат на овој период е Законот за посвојување на Минесота од 1917 со кој се наложува истрага за сите сместувања и ограничен пристап до податоците за оние вклучени во посвојувањето.[22][23]

За време на истиот период Прогресивното движење ги поттикна САД да размислуваат за промена на постоечкиот систем за сирачиња. Кулминацијата на таквите напори беше Првата конференција на Белата Куќа на темата Грижа за незгрижените деца, свикана од претседателот Теодор Рузвелт во 1909,[24] каде што било објавено дека потесното семејство е “најголемиот и најпрефинетиот производ на цивилизацијата” и дека е најдобро решение за грижата на напуштените деца и сирачињата.[25][26] Анти-институционални сили веднаш се собрале. До 1923 година, само два проценти од децата без родителска грижа биле сместени во домови без разлика дали се работи за аранжмани за посвојување или сиропиталишта. Помалку од четириесет години подоцна, речиси една третина од децата биле сместени со семејства што ги посвоиле.[27]

Без разлика на тоа, популарноста на еугениските идеи во Америка поставила пречки на растот на посвојувањето.[28][29] Постоеле сериозни грижи за генетскиот квалитет на незаконските и безимотни деца, што можеби најдобро се опишува со влијателните пишувања на Хенри Х.Годард кој протестирал против посвојувањето деца со непознато потекло велејќи:[30]

Сега се смета дека некои луѓе се заинтересирани за доброто и високиот развој на човештвото; но ако ги оставиме настрана тие исклучоци, сите татковци и мајки се заинтересирани за доброто на своите семејства. Најдраго за срцето на родителот е да го види своето дете да се омажи во добро семејство и да создаде благородно семејство. Колку кусогледо е тогаш такво семејство да земе во својата средина дете чие потекло е апсолутно непознато; или, доколку е делумно познато, веројатноста е голема дека ќе се покаже дека е од сиромашно и болно семејство и дека доколку дојде до брак помеѓу таа личност и некој член на семејството подмладокот ќе биде дегенерик. Хенри Годард, Се бара: Дете за посвојување

За да се променат ставовите беше потребна војна и осрамотување на нацистичките еугениски полиси. Периодот помеѓу 1945 и 1974, познат како Ера на собирање бебиња донел вртоглав раст и прифаќање на посвојувањето како начин за создавање семејство.[31] Незагонските раѓања се зголемиле трипати по завршувањето на Втората светска војна поради промената на сексуалните обичаи. Истовремено научната заедница почнала да ја нагласува доминацијата на воспитувањето наместо генетиката, отстранувајќи ги еугениските стигми.[32][33] Во оваа средина, посвојувањето станало очигледно решение и за немажените мајки и за неплодните парови.[34]

Земени заедно, овие трендови резултирале со нов американски модел на посвојување. Следејќи ги римските претходници, Американците строго ги регулирале правата на биолошките родители правејќи ги посвојувачите нови родители во очите на законот. Биле додадени две иновации: 1) посвојувањето било формулирано како законски чин кој има за цел да ги обезбеди “најдобрите интереси на детето”, корените на оваа идеја водат до првиот американски Закон за посвојување во Масачусетс, 1851 што наложувал сместувањето да биде во најдобар интерес на детето,[16][35] и 2) посвојувањето било обвиено со тајни, што со тек на време довело до запечатување на документите за посвојувањето на посвоените деца и нивните податоци за раѓање до 1945. Потеклото на чекорите кон тајност датира од времето на Чарлс Лоринг Брејс кој ги вовел овие чекори за да ги спречи дацата од Возовите за сирачиња да се вратат или да бидат барани од нивните родители. Брејс се плашел од влијанието на сиромаштијата на родителите и особено на нивната Католичка религија врз младината. Оваа традиција на тајност била пренесена од страна на подоцнежните Прогресивни реформатори при изработката на американските закони.[36]

Бројот на посвојувања во САД го достигнал својот врв во 1970.[37] Не е позната причината за намалувањето што следи потоа. Освен легализацијата на вештачката контрола на породување и абортусот, во периодот на 1960-тите и раните 70-ти доаѓа и до драматична промена на општествениот поглед кон нелегитимноста. Како одговор на ова, пораснале напорите за зачувување на семејството,[38] така што денес малку вонбрачни деца се даваат за посвојување. Иронично, посвојувањето е повидливо денес и повеќе се дискутира за него, а сепак е поретко.[39] Во табелата се наведени статистички податоци за процентот на бебиња родени од мајки кои никогаш не се омажиле, а од кои мајките се откажале.[40]

Раса Пред 1973 1973-1981 1982-1988 1989-1995 1996-2002
Сите жени 8,7% 4,1% 2,0% 0,9% 1,0%
Црни жени 1,5 % 0,2% 1,1 % 0,0 % Н А
Бели жени 19,3 % 7,5 % 3,2 % 1,7 % 1,3 %

Американскиот модел на посвојување постепено се распространил низ светот. Англија и Велс го усвоиле првиот формален закон за посвојување во 1926. Холандија донела закон во 1956. Шведска ги прогласила посвоените за рамноправни членови на семејството во 1959. Во Западна Германија првите закони стапиле насила во 1977.[41] Како додаток на тоа, Азиските сили ги отвориле сиропиталиштата за посвојување, под влијание на западните идеи што следеле по колонијализмот и воената окупација.[42]

Иако посвојувањето денес се применува глобално САД остануваат водач во употребата. Табелата подолу овозможува увид во стапката на посвојување на Западот. Посвојувањето во САД е трипати почесто отколку во останатите земји и покрај тоа што бројот на деца Што чекаат посвојување е стабилен во последните години варирајќи помеѓу 133000 и 129000 во перодот од 2002 до 2006.[43]

Држава Посвојувања Живородени деца Однос помеѓу посвојувањето и бројот на живородени деца Забелешки
Австралија 443 (2003-2004)[44] 254 000 (2004)[45] 0,2 на 100 живородени Вклучува познати роднински посвојувања
Англија и Велс 4 764 (2006)[46] 669 601 (2006)[47] 0,7 на 100 живородени Ги вклучува сите наредби за посвојување во Англија и Велс
Исланд Помеѓу 20-35 годишно[48] 4 560 (2007)[49] 0,8 на 100 живородени
Ирска 263 (2003)[50] 61 517 (2003)[51] 0,4 на 100 живородени 92 посвојувања надвор од семејството, 171 семејни посвојувања, 459 меѓународни посвојувања
Италија 3 158 (2006)[52] 560 010 (2006)[53] 0,6 на 100 живородени
Норвешка 657 (2006)[54] 58 545 (2006)[55] 1,1 на 100 живородени Разделеност на посвојувањата: 438 меѓународно, 179 посвоеници, 35 негуваници, 10 други
Шведска 1044 (2002)[56] 91 466 (2002) [57] 1,1 на 100 живородени 10-20 од овие биле национални посвојувања, останатите се интернационални
САД Околу 127000 (2001)[58] 4 021 725 (2002)[59] приближно 3 на 100 живородени Бројот на посвојувања е постојан од 1987

Табела 2. Посвојувања, живородени деца и односот помеѓу посвојувањата и бројот на живородени деца се дадени во табелата (по азбучен ред, по земја) за некои западни земји.

Современо посвојување[уреди | уреди извор]

Форми на посвојување[уреди | уреди извор]

Практиките на современо посвојување може да се поделат на две форми: 1) Отворено и 2) Затворено

отвореното посвојување дозволува размена на информации помеѓу посвоителите и биолошките родители на детето, а понекогаш дури и интеракција помеѓу посвоеното дете и неговите вистински роднини. Многу ретко ова се случува како резултат на законите кои дозволуваат детето да има непроменет извод и пристап до документите за посвојување, но таквиот пристап не е универзален (важи само во неколку јурисдикции вклучувајќи го Обединетото Кралство и шест држави во САД).[60][61][62][63] Почесто, отвореното посвојување е неформален договор кој може да биде прекинат од страна на посвојувачите кои имаат единствен авторитет врз детето (во некои јурисдикции биолошките родители и посвојувачите можат да бидат дел од обврзувачки договор што се однесува на посетите, размената на информации, или каква било друга интеракција што е поврзана со детето). Затвореното посвојување кое во поголемиот дел е норма од модерната историја,[64] ги запечатува сите идентификациски информации, зачувувајќи ги како тајна податоците за посвојувачите, биолошките роднини на детето, и идентитетот на детето. Сепак, затвореното посвојување може да дозволи пренос на неидентификациски информации како медицинската историја и религиозното или етничко минато.[65] Денес, како резултат на законите за безбедно тивко место донесени во некои држави во САД, затвореното посвојување повторно предизвикува интерес. Во овие држави, бебињата може анонимно да бидат оставени во болници, противпожарни установи или полициски станици неколку дена по раѓањето, обичај што е критикуван како ретрограден и опасен од некои организации што го поддржуваат посвојувањето.[66]

Дом за најденчиња во Њујорк, една од најстарите агенции за посвојување во Северна Америка.

Како започнува посвојувањето[уреди | уреди извор]

Посвојувањето се случува помеѓу членови на семејството кои се во сродство и поединци кои не се во сродство.[67] Сепак,историски гледано, најмногу посвојувања се случуваат во рамките на семејството. Најновите податоци од САД укажуваат дека половина од сегашните посвојувања се помеѓу лица кои се во сродство. Чест пример за ова е “посвојување од втор родител” кога новиот партнер на родителот може законски да го посвои детето од претходната врска на партнерот. посвојување во рамките на семејството може да се случи и преку предавање, како резултат на смртта на родителот или кога детето не може да добие соодветна грижа и член на семејството се согласува да ја преземе грижата за него.

Неплодноста е главната причина што родителите бараат да посвојат дете со кое не се во роднинска врска. Едно истражување покажало дека оваа причина опфаќа 80% од несродствените посвојувања на бебиња и половина од посвојувањата преку згрижување.[68] Проценките покажуваат дека 11%-24% од Американците кои не можат да зачнат или да доносат дете се обидуваат да засноваат семејство преку посвојување, и дека вкупната бројка на американки кои било кога биле во брак а посвоиле дете е 1,4%.[69][70] Другите причини за посвојување се многубројни и добро документирани. Овде може да се спомнат желбата за започнување ново семејство по развод или смрт на партнерот, сочувството предизвикано од религиозни или филозофски убедувања, избегнување да се придонесе за пренаселувањето на светот преку убедувањето дека е поодговорно да се згрижи веќе напуштено дете отколку да се зачне ново, да се обезбеди непренесување на генетски наследна болест (пр.болеста Таѕ Сацхс) и стравовите поврзани со бременоста и раѓањето. И покрај големиот број различни причини за посвојување, последното истражување за искуствата на жените што посвојуваат заклучува дека жената е најверојатно на возраст од 40-44 години, во брак, има проблеми со плодноста и нема деца.[71]

Несродствените посвојувања може да се случат преку три механизми:

  • Приватни домашни посвојувања: според овој начин на договор, добротворните организации и непрофитабилните организации се јавуваат како посредници спојувајќи ги потенцијалните посвојувачи и семејствата кои сакаат да го дадат своето дете, при што сите вклучени страни се државјани на истата земја. Алтернативно на ова, потенцијалните посвојувачи понекогаш ги избегнуваат посредницитеи им приоѓаат директно на бремените жени, разработувајќи договор преку адвокат (ова е нелегално во некои јурисдикции). Приватните домашни посвојувања зазамаат голем дел од вкупниот број посвојувања; во САД, на пример, речиси 45% од посвојувањата отпаѓаат на посвојувања преку приватни договори.
  • Посвојување преку згрижување: ова е тип на домашно посвојување при што детето првично се сместува во системот за социјално згрижување. Важноста на овој метод на згрижување варира од држава до држава. И покрај тоа, примерот на САД[72] може да се смета за корисен. Од 127500 посвојувања што се случиле во САД околу 51000 или 40% се случиле преку системот за згрижување деца.[73]
  • Меѓународно посвојување: овде спаѓа посвојувањето на дете надвор од земјата во која е родено детето. Ова може да се случи и преку јавни и преку приватни агенции. Во некои земји, како Шведска, најголемиот број посвојувања е резултат на меѓународни посвојувања (види табела горе). Примерот на САД сепак покажува дека има разлика помеѓу земјите затоа што во САД посвојувањето од надвор опфаќа помалку од 15% од вкупниот број на посвојувања. Законите на различни земји варираат во нивната спремност да дозвилат меѓународни посвојувања. Препознавајќи ги тешкотиите и предизвиците поврзани со меѓународното посвојување и во обид да ги заштити оние што се вклучени од корупција и експлоатација, Хашката конференција за приватно меѓународно право ја разви Конвецијата за заштита на децата и соработка во однос на меѓународното посвојување која стапи насила на 1 мај 1995 и досега е ратификуван од 75 земји.[74]

Како се раскинува посвојувањето[уреди | уреди извор]

Раскинувањето се однесува на прекинот на посвојувањето. Ова вклучува посвојување кое завршува пред законското финализирање и посвојување кое завршува пред тоа ( во правото на САД, вторите случаи се именуваат како поништени). Процесот на раскинување обично го започнуваат родителите кои посвојуваат преку петиција до судот и постапката е соодветна на онаа при развод. Тоа е законски приод достапен само за посвојувачите бидејќи не може да се примени при биолошко сродство.[75]

Нема официјални статистики за бројот на раскини во ниедна земја. Некои истражувања извршени во САД сепак укажуваат дека помеѓу 10-25% од посвојувањата се прекинуваат пред законски да се финализираат а од 1-10% се поништени по завршувањето на судската процедура. Големиот број вредности го одразува недостигот на информации во врска со темата и демографските фактори како што е возраста; познато е дека постарите деца се посклони кон придонесување за раскинување на нивното посвојување.

Јавна перцепција на посвојувањето[уреди | уреди извор]

Во Западната култура доминантната концепција за семејството е хетеросексуална двојка со биолошко дете. Оваа идеја ги сместува алтернативните форми на семејство надвор од нормата. Како последица на ова, според одредени истражувања, постојат омаловажувачки погледи кон некои семејства што сакаат да посвојат дете заедно со сомнежите за цврстината на нивните семејни врски.[76][77].

Глумци во Музејот „Живото мрмлање на Ан", Музеј на островот на принцот Едвард, Канада. Приказната за сирачето Ан и нејзиното прифаќање во семејството Гутбертс, уште од својата прва публикација во 1908 стана многу популарна во земјите кои зборуваат на англиски јазик, а подоцна и во Јапонија.

Најновата анкета за ставовите спрема посвојувањето направена од Институтот Еван Доналдсон дава дополнителни докази за оваа стигма. Речиси една третина од испитаните сметаат дека посвоените се помалку прилагодливи, поподложни на здравствени проблеми и посклони кон алкохолизам и зависност од дрога. Додатно на ова околу 40-45% од испитаниците сметале дека е поверојатно посвоените деца да имаат проблеми со однесувањето и проблеми во училиштето. Спротивно од ова, истата студија позитивно гледа на родителите што посвојуваат, со тоа што речиси 90% од учесниците во студијата ги опишале посвојувачите како “среќни, привилегирани и несебични”. [78]

Најголемиот број луѓе велат дека примарен извор за посвојувањето им се пријателите и семејството и информативните медиуми. Сепак, најголемиот број велат дека медиумите им наметнуваат позитивен поглед кон посвојувањето; 72% потврдиле дека добиле позитивни впечатоци. И покрај тоа постои значајна критика кон покриеноста на посвојувањето од страна на медиумите.[79] Блоговите за посвојување, на пример го критикувале “Запознај го семејството Робинсон” поради употребата на застарени слики за сиропиталиштата[80][81] како што и адвокатурата го критикувала непрофитабилниот Еван Б. Доналдсон Институт за посвојување.[82]

Стигмите поврзани со посвојувањето се уште толку посилни кога е во прашање згрижувањето.[83] Негативните перцепции резултираат со верување дека таквите деца се толку проблематични што дури е невозможно да се посвојат и да станат дел од “нормални семејства”.[84] Резултатот е дека многу деца кои би напредувале во сакано семејство, поминуваат години чекајќки во системот за згрижување па дури и полнат осумнаесет години и го напуштаат системот без семејство. Извештај на Црковната комисија за деца во системот за згрижување од 2004 година покажува дека бројот на деца кои чекаат во овој систем е двапати поголем од 1980-тите и сега е константен околу пола милион годишно."[85]

Воспитување и развој на посвоениците[уреди | уреди извор]

Воспитување[уреди | уреди извор]

Биолошките врски се главниот белег на врската родител-дете, и отсуството на ваквата врска предизвикувало загриженост низ историјата на посвојувањето. Самата Џеси Тафт која е пионер во професионализацијата на установите за посвојување,а и самата е мајка посвојувач, коментирала на разликата во воспитувањето на посвоено дете “Никој кој не е своеволно заблуден нема да тврди дека искуствата со посвојувањето можат да го заменат вистинското раѓање и одгледување на свое дете”.[86] Во контекст на оваа изјава, студија на Универзитетот Принстон во која биле опфатени 6000 мајки на посвоени и згрижени деца во САД и Јужна Африка од 1968-1985 покажала дека трошоците за храна во семејствата со небиолошки деца (кога биле контролирани за приход, големина на домаќинството, работни часови, возраст и сл.) биле значително помали предизвикувајќи шпекулации дека инстинктивно луѓето се помалку заинтересирани за зачувување на генетските врски кај другите..[87] Понатаму, перцепцијата на сличностите помеѓу посвоеното дете и родителот е важна за успешното воспитување. Во врските во кои има сличност во интересите, карактерот и изгледот и возрасните посвојувачи и посвоените деца изјавиле дека се посреќни со посвојувањето.[88].

Посвоеното семејство на Г-дин Кларк Грифит,1925.

Сепак, постојат докази дека посвојувачките врски можат да се формираат на друга основа. Истражување кое се однесува на големината на родителското инвестирање во децата укажува на цврстина во семејствата што посвојуваат затоа што родителите кои посвоиле инвестираат повеќе време во децата отколку други родители притоа доаѓајќи до следнот заклучок, “...родителите кои посвојуваат го збогатуваат животот на своите деца за да надоместат за недостатокот на биолошка поврзаност и додатните предизвици на посвојувањето.”[89]

Освен основните теми, има и различни прашања кои ги поставуваат родителите кои посвојуваат. Меѓу нив спаѓаат и како да се одговори на стереотипите, како да се одговори на прашањата за потеклото и како најдобро да се одржи врска со биолошките роднини кога се работи за отворено посвојување.[90] Еден автор смета дека често прашање е дали “ќе го сакаме детето и покрај тоа што не е наше биолошко дете?”.[91]. Особена Грижа за многу родители претставува дали детето ќе се прилагоди на училишната атмосфера.[92] Теми кои се обработуваат на часот како што се: “цртање на семејно дрво” или “откривање на своите гени преку бојата на очитеспоредена со бојата на очите на твоите родители и твоите предци” можат да бидат болни за деца кои се посвоени и не ги знаат овие биолошки информации. Има многу предлози овие часови да се заменат со нови кои, на пример, ќе се фокусираат на “семејните градини”.[93]

Посвојувањето постари деца предизвикува нови грижи за родителите. Некои деца кои биле дел од системот за згрижување имаат историја на малтретирање, како физичко и психолошко запоставување, физичка злоупотреба, и сексуална злоупотреба и се подложни на развивање психијатриски проблеми.[94][95] Such children are at risk of developing a disorganized attachment.[96][97][98] (1990, 1995) [99][100] Таквите деца можат да развијат дезорганизирана приврзаност. Истражувањата на Чичети и неговите соработници (1990, 1995) откриле дека 80% од злоупотребуваните и малтретирани деца во нивното истражување пројавиле знаци на дезорганизирано приврзување.

Развој[уреди | уреди извор]

Низ годините се развила значајна дебата за тоа дали личноста и психичкиот развој на посвоените деца се различни од оние на децата кои не се посвоени. И покрај тоа што одговорот сè уште не е јасен, истражувачи од Универзитетот Минесота кои проучувале адолесценти посвоени на многу мала возраст откриле дека кај посвоениците е двапати поверојатно да се појави нпослушно однесување како и синдром на недостиг на концентрација или синдром на хиперактивност (кои општо се јавуваат кај 8% од популацијата).[101]

Истражувачите од Посвојувачкиот проект Колорадо ги проучувале генетските влијанија врз развојот на посвоените деца и заклучиле дека когнитивните способности на посвоените ги одразуваат способностите на нивните посвојувачи во раното детство, но покажуваат мала сличност во адолесценцијата кога почнуваат да личат на нивните биолошки родители и тоа до истата мерка како и нивните непосвоени врсници.[102]

Реформи и трендови на повторно обединување[уреди | уреди извор]

Отворени напори за правата, клучна платформа на реформата за посвојувањето во модерно време.

Начините на посвојување претрпеле значајни промени во последните сто години, при што секое ново движење е означено како реформа.[103] Почнувајќи од 1970-тите напорите да се подобри посвојувањето биле поврзувани со отворање на досиејата и поттикнување на зачувување на семејството. Овие идеи се родиле од претпоставките дека тајноста која е дел од современото посвојување може да влијае врз процесот на создавање идентитет[104][105] кај детето, може да создаде забуни во однос на потеклото и воопшто не е корисна при одредувањето на медицинската историја.

Зачувување на семејството: Откако грижите за нелегитимноста почнале да бледнеат во раните 1970-ти агенциите за социјална грижа почнале да нагласуваат дека доколку е можно мајките не треба да се одделуваат од децата.[106]. Во Америка ова е јасно илустрирано преку промената во политиката на Домот за најденчиња во Њујорк кој е една од најстарите институции за посвојување во САД и е установата која била прва што ги запечатила досиејата на посвоените деца. Оваа организација воспоставила три нови принципи вклучувајќи и “спречување на сместување деца...” што го одразило верувањето дека на децата би им било подобро доколку останат во своите семејства и заедници, што претставува огромна промена во начинот на работа која останала насила до денес.[107]

Отворање на досиејата: Бројот на движењата кои се бореле за отворање на досиејата за посвојување се зголемил со прифаќањето на нелегитимноста. Во САД, Флоренс Фишер го започнал Движењето за слобода на посвоениците во 1971 нарекувајќи ги запечатените досиеја “навреда за човековото достоинство”,[108] додека во 1975 Ема Меј Виларди го создала првиот регистер со заедничка согласност-Меѓународниот Саундекс регистер за повторно обединување кој им дозволувал на оние кои биле разделени со посвојување повторно да стапат во контакт.[109] Слични идеи се појавиле секаде во светот. Во 1975, Англија и Велс ги отвориле досиејата поради морални принципи.[110]

Во подоцнежните години се развиле повеќе милитантни организации како Нација на вонбрачни деца (основана во 1996), повеќе групи кои помогнале да се отворат досиејата за посвоените деца во Алабама, Делавер, Њу Хемпшир, Орегон, Тенеси и Мејн.[111][112]. Истовремено, групи како Потекло САД (основана 1997) почнале активно да пропагираат за зачувување на семејството и правата на мајките.[113] Интелектуалниот тон на овие скорешни реформаторски движења бил под влијание на објавувањето на книгата Првата рана од Ненси Вериер. Оваа книга е опишана како “опустошеноста што ја чувствува детето поради одделувањето од неговата биолошка мајка. Длабокото и постојано чувство на напуштеност што посвоеното бебе го чувствува по посвојувањето може да биде присутно во текот на целиот негов живот”.

Повторно соединување[уреди | уреди извор]

Фотографија од соединувањето на посвоената Лесли Латроп и нејзината мајка

Обидите за сумирање на потрагата на посвоените лица по своите вистински семејства е залудна затоа што истражувањата покажуваат големи варијации.[114] Делумно, проблемот потекнува од малиот број на посвоени што го отежнува или иневозможува анкетирањето по случаен избор.

И покрај тоа, податоци за бројот на посвоени лица кои ги сакале да стапат во контакт со своите биолошки семејства може да се добијат од Англија и Велс кои ги отвориле досиејата на посвоените во 1975. Бирото за национална статистика на Велика Британија пресметало дека 33% од сите посвоени лица со тек на време ќе ги побараат своите оригинални документи, што ги надминува првичните претпоставки од 1975 кога се сметало дека само мал дел од посвоените ќе побараат да ги видат своите документи. Сепак, овие пресметки не ја покажуваат вистинската бројка, бидејќи денес многу посвоени можат да добијат пристап до своите податоци на други начини.[115]

Литературата користена при истражувањето посочува дека посвоените лица даваат четири за повторно соединување со семејството: сакаат покомплетен приказ на нивната генеалогија, љубопитни се за причините што довеле до нивно зачнување, раѓање и напуштање, сакаат да им пренесат информации на своите деца, и имаат потреба од детално биолошко минато, вклучувајќи ја овде и медицинската историја. Сепак, се претпоставува дека дадените причини се нецелосно објаснети: иако ваквите информации на посвоените лица можат да им бидат дадени и од трето лице, тие сепак бараат средба со биолошки роднини.[116]

Се смета дека желбата за повторна средба е поврзана со интеракцијата што посвоениот ја има со заедницата и неговата прифатеност во заедницата. Внатрешно фокусираните теории сметаат дека некои посвоени лица имаат проблем во себеостварувањето што им создава пречки да формираат постојан идентитет. Повторната средба со семејството им помага да го надоместат недостатокот на себепознание.[117][118]

Надворешно фокусираните теории, спротивно од ова, сметаат дека поврорната средба претставува начин за посвоените да го надминат белегот на општеството. Оваа теорија прв ја поставил Гофман и таа има четири дела: посвоените сметаат дека недостатокот на биолошка врска го издвојува семејството што ги посвоило од останатите, ова сфаќање е поткрепено од искуствата кога лица што пораснале во биолошкото семејство тврдат дека врската помеѓу посвојувачот и посвоениот е послаба отколку крвната врска, заедно, овие два фактора придонесуваат кај некои посвоени лица да се јави чувство за исклученост од општеството, и овие посвоени лица реагираат така што бараат крвна врска што ќе го потврди нивното членство во заедницата. Важно е да се забележи дека, барем надворешно фокусираната теорија за повторно соединување смета дека посвоените лица можат да бидат среќни и добро прилагодени во своите посвоени семејства, но сепак да бараат повторна средба со своите вистински семејства за да ги отстранат жиговите од општеството.[119]

Некои посвоени ја одбиваат идејата за повторна средба. Што е тоа што ги оддвојува посвоените кои ги бараат своите семејства од оние кои не сакаат да ги бараат сѐ уште не е познато. Една статија го сумира истражувањето велејќи “...обидите да се направи разлика помеѓу оние што ги бараат семејствата и оние што не го прават тоа се исто толку генерализирачки колку и обидите да се поткрепат...разликите помеѓу посвоените деца и оние кои живеат со вистинските семејства”."[120]

На кратко, повторните средби помеѓу децата и родителите можат да покренат многу прашања помеѓу нив. И покрај тоа, најголемиот број резултати од повторните средби е позитивен. Во најголемото истражување до денес (засновано на одговорите на 1007 посвоени лица и нивните вистински родители) 90% одговориле дека средбата била корисно искуство. Ова сепак не подразбира дека се создала понатамошна врска помеѓу родителот и детето, ниту пак дека тоа била целта на средбата.[121]

Третман на Абориџинските култури[уреди | уреди извор]

Реформите и напорите за зачувување семејството исто така често се поврзуваат со постојаната погрешна употреба на посвојувањето во абориџинските култури. Во некои случаи правата на родителите им биле одземени кога нивната етничка или културна група била прогласена за неспособна од управувачката влада. Историски гледано, Украдената генерација на Абориџините во Австралија е пример за таквата политика, а ист е случајот и со Индијанците во Америка и Првите нации во Канада. Понатаму, невенчаните мајки во многу земји сѐ уште се (а ова порано важело за уште повеќе земји) под притисок од семејствата, религиозните тела или владите да ги остават своите деца за посвојување поради општественото жигосување на нелегитимноста. Овие практики од минатото станале социјални и политички жаришта во последните години и во многу случаи практиката е променета. Во САД на пример, од 1978 година насила е Законот за благосостојба на индијанските деца со кој им се дозволува на племето и семејството на детето да учествуваат во одлуките околу посвојувањето, при што предност се дава на посвојување во рамките на племето од кое потекнува детето.[122]

Јазикот на посвојувањето[уреди | уреди извор]

Јазикот што се користи во посвојувањето се менува и станува контроверзно прашање тесно поврзано со напорите за реформи. Контроверзијата се јавува околу некои термини што и покрај тоа што се наменети да бидат попривлечни или помалку навредливи за лицата дел од посвојувањето, можат истовремено да бидат навредливи за други лица. Оваа контроверзност ја илустрира проблематичната природа на посвојувањето, како и фактот дека создавањето нови зборови и фрази за да се објаснат историски социјални практики не ги менува чувствата и искуствата на оние што се дел од нив.

Двете спротивни групи на зборови честопати се именуваат како: “Позитивен јазик на посвојувањето” и “Искрен јазик на посвојувањето”

Позитивен јазик на посвојувањето

Се смета дека социјалните работници на полето на посвојувањето, а пред сè Мариета Спенсер го создале и почнале со промоција на она што тие го нарекле “Позитивен јазик на посвојувањето” во средината на 70-тите.[123] Изразите содржани во “Позитивен јазик на посвојувањето” вклучуваат “родена мајка” (да ги замени изразите “биолошка мајка” и “прва мајка”), “сместување” (како замена за “напуштање” и “предавање”) и ја ограничуваат употребата на зборовите “мајка” и “татко” само на родителите кои го посвоиле детето. Овој јазик го одразува гледиштето дека сите врски помеѓу детето и неговите претходни родители трајно и целосно се прекинуваат откако посвојувањето законски ќе се комплетира, и дека “сместувањето” на детето во системот за посвојување е одлука што мајката ја носи своеволно без никаков притисок од страна на надворешните околности и лица.

Искрен јазик на посвојувањето

“Искрениот јазик на посвојувањето” од друга страна, се однесува на изрази низ кои се одразува гледиштето дека: семејните врски (социјални, емотивни, психолошки или физички) што постоеле пред посвојувањето честопати продолжуваат да постојат и по него или да опстојуваат во некоја форма и покрај долгиот перод на оддвоеност, и дека мајките кои “доброволно ги предале своите деца на посвојување” (наспроти принудните одземања по судска наредба кои се за доброто на детето) ретко на тоа гледаат како на слободен избор, туку најчесто опишуваат ситуации во кои тие се немоќни, немаат средства и воопшто немаат избор.[124][125] Исто така, според овој јазик терминот “родена мајка” е навредувачки затоа што наведува на мислење дека жената престанала да биде мајка по завршувањето на физичкиот чин на раѓање. Поддржувачите на овој јазик сметаат дека овој израз мајката ја третира како да е “одгледувач” или “инкубатор”.[126].Во овој јазик се вклучени изразите кои се употребувале пред создавањето на “позитивниот јазик на посвојувањето” како што се “биолошка мајка”, “прва мајка”, и “даден на посвојување”.

Културни варијации во посвојувањето[уреди | уреди извор]

Ставовите и законите што се однесуваат на посвојувањето многу варираат. И покрај тоа што во сите култури постои начин децата чии родители не се способни сами да ги одгледаат да бидат пораснати од некој друг, не сите култури го имаат концептот на посвојување т.е однесувањето спрема посвоените деца како еднакви на биолошкките деца на посвојувачите. На пример во Египет, и според муслиманскиот закон посвојувањето е нелегално.[127]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Barbara Melosh, Strangers and Kin: Американски начин на посвојувањестрана 10
  2. Code of Hammurabi Архивирано на 16 септември 2007 г.
  3. Codex Justinianus
  4. "Brodzinsky and Schecter, Психологија на посвојувањето, 1990, страна 274
  5. H. David Kirk, Adoptive Kinship: Модерна институција за потребите на реформата, 1985, страна xiv
  6. Mary Kathleen Benet, Политика на посвојувањето, 1976, страна 14
  7. "Психологија на посвојувањето" John Boswell, The Kindness of Strangers, 1998, страна 74.
  8. John Boswell, The Kindness of Strangers, 1998, страна 62-63
  9. W. Scheidel, The Roman Slave Supply, мај 2007, страна 10
  10. John Boswell, The Kindness of Strangers, 1998, страна 3
  11. John Boswell, The Kindness of Strangers, 1998, страна 53-95
  12. A. Tiwari, закон за посвојување на Индијците, Vol 18, 2005
  13. Vinita Bhargava, Посвојувањето во Индија: Политиката и искуството, 2005, страна 45
  14. W. Menski, Компаративен закон во глобален контекст: Правниот систем на Азија и Африка, 2000
  15. S. Finley-Croswhite, Review of Blood Ties and Fictive Ties, Canadian Jorunal of History[мртва врска], август 1997
  16. 16,0 16,1 Brodzinsky and Schecter, Психологија на посвојувањето, 1990, страна 274
  17. John Boswell, The Kindness of Strangers, 1998, страна 184
  18. Ellen Herman, Проект за историјата на посвојувањето, Универзитетот во Орегон, Наслов: Чарлс Лоринг Брејс, The Dangerous Classes of New York and Twenty Years' Work Among Them, 1872
  19. Ellen Herman, Проект за историјата на посвојувањето, Универзитетот во Орегон, Наслов: Чарлс Лоринг Брејс
  20. Stephen O’Connor, Orphan Trains, страна 95
  21. Orphan Train Heritage Society of America, Riders’ Stories
  22. Wayne Carp, E. Посвојувањето во Америка: Историски перспективи, страна 160
  23. Ellen Herman,Проект за историјата на посвојувањето, Универзитетот во Орегон, Наслов: Домашни студии
  24. M. Gottlieb, The Foundling, 2001, страна 76
  25. E. Wayne Carp (Editor), Посвојувањето во Америка: Историски перспективи, страна 108
  26. Ellen Herman,Проект за историјата на посвојувањето , Универзитетот во Орегон, Topic: Placing Out
  27. Bernadine Barr, “Spare Children, 1900-1945: Inmates of Orphanages as Subjects of Research in Medicine and in the Social Sciences in America” (Ph.D. diss., Stanford University, 1992), страна 32,
  28. Ellen Herman, Проект за историјата на посвојувањето, Универзитетот во Орегон, Topic: Eugenics
  29. Lawrence and Pat Starkey, Child Welfare and Social Action in the Nineteenth and Twentieth Centuries,2001 страна 223
  30. H.H. Goddard, Excerpt from Wanted: Дете за посвојување
  31. E. Wayne Carp, Посвојувањето во Америка: Историски перспективи,страна 181
  32. William D. Mosher and Christine A. Bachrach, Understanding U.S. Fertility:Континуитет и промени во националната анкета за пораст на семејствата, 1988-1995,Family Planning Perspectives Volume 28, Број 1, Јануари/февруари 1996, страна 5
  33. Barbara Melosh, Strangers and Kin: Американски начин на посвојување, страна 106
  34. Barbara Melosh, Strangers and Kin: Американски начин на посвојување, страна 105-107
  35. Ellen Herman, Проект за историјата на посвојувањето, Универзитетот во Орегон, Topic: Timeline
  36. E. Wayne Carp, Семејни прашања: Secrecy and Disclosure in the History of Adoption, Harvard University Press, 2000, страна 103-104.
  37. Национален Совет за посвојување, 2000, страна 42, Табела 11
  38. M. Gottlieb, The Foundling, 2001, страна 106
  39. Ellen Herman, Проект за историјата на посвојувањето, Универзитетот во Орегон, Наслов:Статистики за посвојувањето
  40. Центар за контрола на болните во САД, Искуството на мажите и жените во врска со посвојувањето и молбата за посвојување дете, 2002, страна 34, август 2008."
  41. Christine Adamec and William Pierce, Енциклопедија за посвјувањето, 2ро издание, 2000
  42. Ellen Herman, Проект за историјата на посвјувањето, Универзитетот во Орегон, Наслов: Меѓународно посвојување
  43. U.S. Department of Health and Human Services,U.S. Trends in Foster Care and Adoption
  44. Austrlian Institute of Health and Welfare, Adoptions Australia 2003-04 Архивирано на 13 октомври 2009 г., Child Welfare Series Number 35.
  45. Australian Bureau of Statistics,Population and Household Characteristics
  46. UK Office for National Statistics, Adoption Data
  47. UK Office for National Statistics, Live Birth Data
  48. Íslensk Ættleiðing,Adoption Numbers
  49. Statistics Iceland,Births and Deaths
  50. Adoption Authority of Ireland,Report of The Adoption Board 2003 Архивирано на 11 март 2006 г.
  51. Central Statistics Office Ireland,Births,Deaths,Marriages
  52. Tom Kington, Families in Rush to Adopt a Foreign Child, јануари 28, 2007
  53. Demo Istat, Демографски баланс, 2006
  54. Statistics Norway, Adoptions,
  55. Statistics Norway, Породувања
  56. Шведска Амбасада (Seoul), Adoptions to Sweden, февруари 12, 2002
  57. Statistics Sweden Породувања,2002
  58. The National Adoption Information Clearinghouse of the U.S. Department of Health and Human Services, Колку деца биле посвоени во 2000 и 2001 година Архивирано на 7 мај 2005 г., 2004
  59. U.S. Center for Disease Control, Успешни породувања
  60. http://www.post-gazette.com/pg/07316/833100-84.stm 2008
  61. http://www.unsealedinitiative.org/html/articles.html Accessed: 2 март 2008
  62. http://apostille.us/news/bill_looks_to_open_adoption_records.shtml Accessed: 2 март 2008
  63. http://adoption.about.com/od/adoptionrights/a/openingrecords.htm Accessed: 2 март 2008
  64. Ellen Herman, Проект за историјата на посвојувањето, Универзитетот во Орегон, http://www.uoregon.edu/~adoption/topics/confidentiality.htm Topic:Confidentiality
  65. Ellen Herman, Проект за историјата на посвојувањето, Универзитетот во Орегон, Topic: Confidentiality
  66. SECA Organization
  67. National Council For Adoption, Adoption Factbook, 2000, Табела 11
  68. http://www.springerlink.com/content/q0nh2715217r1287/[мртва врска] M. Berry, Подготовка, Поддршка и задоволство на семејствата кои посвојуваат Табела 2, Child and Adolescent Social Work Journal, (Април 1996).
  69. http://www.guttmacher.org/pubs/journals/2800496.html William D. Mosher and Christine A. Bachrach, Understanding U.S. Fertility: Континуитет и промени во националната анкета за пораст на семејството 1988-1995 Family Planning Perspectives Volume 28, Јануари/февруари 1996
  70. http://www.cdc.gov/nchs/data/series/sr_23/sr23_027.pdf U.S. Center for Disease Control, "Искуство на мажите и жените во САД во врска со посвојувањето и молбата за посвојување дете, страна 19, август 2008.
  71. http://www.cdc.gov/nchs/data/series/sr_23/sr23_027.pdf U.S. Center for Disease Control, "Искуство на мажите и жените во САД во врска со посвојувањето и молбата за посвојување дете, страна 8, август 2008.
  72. US Child Welfare Information Gateway: Колку деца биле посвоени во 200 и 2001?
  73. http://www.acf.hhs.gov/programs/cb/stats_research/afcars/trends.htm US Child Welfare Information Gateway: Trends in Foster Care and Adoption
  74. Countries ratifying or acceding to the Hague Convention: Available: http://hcch.e-vision.nl/index_en.php?act=conventions.status&cid=69 Accessed: 20-ти Maj, 2008.
  75. U.S. Department of Health and Human Services, Child Welfard Information Gateway, Adoption Disruption and Dissolution, декември 2004
  76. http://www.jstor.org/pss/585831 Katrina Wegar, Adoption, Family Ideology, and Social Stigma: Bias in Community Attitudes, Adoption Research, and Practice, Family Relations, страна 363-370.”
  77. http://www.jstor.org/pss/353920 K. March, Journal of Marriage and the Family 57 август 1995: ст. 654.
  78. National Adoption Attitudes Survey, јуни 2002, Еван Б. Доналдсон Институт за посвојување, страна 20 и 38.”
  79. National Adoption Attitudes Survey, јуни 2002, Evan Donaldson Institute, страна 47”
  80. 3 Генерации на посвојувања, април 12, 2007
  81. „Maya's Mom,, април 7, 2007“. Архивирано од изворникот на 2008-05-03. Посетено на 2009-06-01.
  82. „Еван Б. Доналдсон Институт за посвојување, април 9,2007“. Архивирано од изворникот на 2008-05-03. Посетено на 2009-06-01.
  83. National Adoption Attitudes Survey, јуни 2002, Evan Donaldson Institute, страна 20.”
  84. http://www.adoptioninstitute.org/policy/polface.html Архивирано на 19 февруари 2006 г. Еван Б. Доналдсон Институт за посвојување
  85. http://pewfostercare.org/docs/index.php?DocID=41 The Pew Commission of Children in Foster Care
  86. E. Herman, Проект за историјата на посвојувањето, Одделот за историја, Универзитетот во Орегон,Topic: http://darkwing.uoregon.edu/~adoption/people/taft.htm Џеси Тафт.
  87. How Hungry is the Selfish Gene?' by Anne Case, I-Fen Lin and Sara McLanahan , Economic Journal, октомври 2000
  88. L. Raynor, The Adopted Child Comes of Age, 1980
  89. Hamilton, Laura. „Adoptive Parents, Adaptive Parents: Evaluating the Importance of Biological Ties for Parental Investment“ (PDF). American Sociological Review. Американски социолошки преглед. Архивирано од изворникот (pdf) на 2007-02-21. Посетено на 2007-06-03.
  90. A. Adesman and C. Adamec, Parenting Your Adopted Child, 2004
  91. Michaels, Ruth, and Florence Rondell. Семејна книга за посвојувањето 1: Вие и вашето дете. Страна 4.
  92. http://www.adoptionfilm.com/video.html Посвојување: Американската револуција
  93. http://www.familyhelper.net/ad/adteach.html Robin Hillborn, Водич за наставниците во врска со посвоените деца, 2005
  94. Gauthier, L., Stollak, G., Messe, L., & Arnoff, J. (1996). Recall of childhood neglect and physical abuse as differential predictors of current psychological functioning. Child Abuse and Neglect 20, 549-559
  95. Malinosky-Rummell, R. & Hansen, D.J. (1993)Долгорочни последици како резултат на психички злоставувања за време на детството. Psychological Bulletin 114, 68-69
  96. Lyons-Ruth K. & Jacobvitz, D. (1999) Attachment disorganization: unresolved loss, relational violence and lapses in behavioral and attentional strategies. In J. Cassidy & P. Shaver (Eds.) Handbook of Attachment. (pp. 520-554). NY: Guilford Press
  97. Solomon, J. & George, C. (Eds.) (1999). Attachment Disorganization. NY: Guilford Press
  98. Main, M. & Hesse, E. (1990) Parents’ Unresolved Traumatic Experiences are related to infant disorganized attachment status. In M.T. Greenberg, D. Ciccehetti, & E.M. Cummings (Eds), Attachment in the Preschool Years: Theory, Research, and Intervention (pp161-184). Chicago:
  99. Carlson, V., Cicchetti, D., Barnett, D., & Braunwald, K. (1995).Дезорганизираното приврзување е поврзано со голем број на проблеми во развојот вклучувајќи и симптоми на одвојување, како и симптоми на депресија, нетрпеливост и преправање. Cicchetti & V. Carlson (Eds), Child Maltreatment: Theory and research on the causes and consequences of child abuse and neglect (pp. 135-157). NY: Cambridge University Press.
  100. Cicchetti, D., Cummings, E.M., Greenberg, M.T., & Marvin, R.S. (1990). An organizational perspective on attachment beyond infancy. In M. Greenberg, D. Cicchetti, & M. Cummings (Eds), Attachment in the Preschool Years (pp. 3-50). Chicago: University of Chicago Press.
  101. Kaplan, Arline, [1] Psychiatric Times],јануари 26, 2009
  102. Plomin, R., Fulker, D.W., Corley, R., & DeFries, J.C. (1997). Nature, nurture, and cognitive development from 1-16 years: A parent-offspring adoption study. Psychological Science, 8, 442-447.
  103. Проект за историјата на посвојувањето,Topic History in Brief
  104. Book Review: The Primal Wound by Nancy N. Verrier
  105. Miles, 2003: Дали посвојувањето има влијание врз формирањето на идентитет кај адолесцентот? Available: http://www.cs.brown.edu/~jadrian/docs/papers/old/20030212%20Miles%20-%20Adoptive%20Identity.pdf Архивирано на 16 февруари 2008 г. Retrieved: 30 Јан, 2008
  106. Проект за историјата на посвојувањето (Универзитетот во Орегон), Наслов Илегитимност
  107. Martin Gottlieb, The Foundling, 2001, pg. 105-106
  108. Проект за историјата на псовојувањето Topic Confidentiality
  109. Bastard Nation, The Basic Bastard Архивирано на 13 октомври 2009 г.
  110. R. Rushbrooke, The proportion of adoptees who have received their birth records in England and Wales, Population Trends, лето 2001, ст. 26-34.”
  111. USA Today, As adoptees seek roots, states unsealing records, 2/13/2008.”
  112. Bastard Nation, BASTARD NATION - New Hampshire Архивирано на 9 мај 2008 г.
  113. Origins USA position papers Available: http://originsusa.memberlodge.org/Default.aspx?pageId=24588 Архивирано на 12 септември 2007 г. Accessed: 27 април 2008.
  114. Schechter and Bertocci, “Знаќењето на истрагата” in Brodzinsky and Schechter, Психологија на посвојувањето,” 1990, ст. 67
  115. R. Rushbrooke, The proportion of adoptees who have received their birth records in England and Wales, Population Trends (104), UK Office for National Statistics, Лето 2001, страна 26-34
  116. http://www.jstor.org/pss/353920 K. March, Journal of Marriage and the Family 57 август 1995: ст. 653-660
  117. http://digitalcommons.mcmaster.ca/dissertations/AAINN60675/ Архивирано на 10 декември 2010 г. K. March, “The stranger who bore me: A
  118. http://www.jstor.org/pss/353920 K. March, Journal of Marriage and the Family 57 август 1995: ст.653-660.
  119. http://www.jstor.org/pss/353920 K. March, Journal of Marriage and the Family 57 август 1995: ст. 653-660.
  120. Schechter and Bertocci, “Значењето на истрагата” in Brodzinsky and Schechter, Психологија на посвојувањето,” 1990, стр. 70
  121. R. Sullivan and E. Lathrop, “Openness in adoption: retrospective lessons and prospective choices,” Children and Youth Services Review, четврто издание, април 2004.
  122. National Indian Child Welfare Association: the Indian Child Welfare Act of 1978 (ICWA)
  123. Позитивно зборување: Употребата на соодветен јазик на посвојувањето Архивирано на 24 јуни 2008 г., By Patricia Irwin Johnston
  124. Logan, J. (1996). "Биолошките мајки и нивното ментално здравје, Непозната територија", British Journal of Social Work, 26, 609-625.
  125. Wells, S. (1993). "Што бараат биолошките мајки?", Посвојувањето и згрижувањето, 17, 22-26.
  126. "Why Birthmother Means Breeder," Архивирано на 6 јули 2008 г. by Diane Turski
  127. Tim Lister and Mary Rogers, "Egypt says adoptive moms were human smugglers," CNN, 23 март 2009,

Корисна литература[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Ова е избрана статија. Стиснете тука за повеќе информации.
Статијата „Посвојување“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).