Портал:Филм/Избрана статија/2008/октомври

Од Википедија — слободната енциклопедија

Мостот за Терабитија е филм од 2007 режиран од Габор Ксупо (соосновач на Klasky-Csupo) за Walt Disney Pictures и Walden Media, заснован на романот на Кетрин Петерсон, со истото име. Филмот беше издаден 16 февруари, 2007 во САД и Канада и 16 јуни, 2007 во Нов Зеланд и беше втор на бокс офисот во САД и Канада за време на првиот викенд на прикажување. Беше рангиран PG поради тематските елементи вклучувајќи го малтретирањето на училиште.

Дванаесет годишно момче по име Џеси „Џес“ Аронс (Џош Хатчерсон) е одличен уметник. Тој е момче во основно училиште кое живее во семејство кое е во финансиска криза. Дванаесет годишната Лесли Бурк (АнаСофаја Роб) е новото девојче во училиштето кое има потешкотии наоѓајќи пријатели но и покрај тоа сепак е полна со радост и среќа и има бујна фантазија. Таа се пријавува на една училишна трка на која победува покрај тоа што и нагласуваат дека е трка само за момчиња. На почетокот, Џес е доста повреден поради ова и несака да има ништо со Лесли, но упорноста на Лесли да го запознае подоцна се исплатува и брзо по тоа двајцата стануваат многу блиски пријатели. Нивното пријателство започнува кога Лесли му понудува мастика на Џес и тој прифаќа. Џес и ја доверува тајната дека има дарба кон уметноста на Лесли. Заедно влегуваат во шумата, каде наоѓаат едно цврсто јаже со кое ја поминуваат реката и на другата страна наоѓаат напуштена куќичка на дрво. Тука, двајцата измислуваат еден свет кој го нарекуваат Терабитија и тој оживува како што тие си замислуваат дека тој изгледа. Назад во „реалниот“ свет, двајцата патат од лоши деца на училиште. Лесли му дава на Џес неочекуван роденденски подарок, комплет боици за цртање и тој и дава куче на Лесли (Принц Териен) за возврат. На следното патување за Терабитија јасно се покажува дека нивото на водата се зголемило или пак јажето се подискинало бидејќи кога ја преминуваат реката јасно се гледа дека нозете ја допираат водата.

повеќе...