Портал:Тибет
|
Република Македонија · Уметност · Биографија · Географија · Историја · Јазик · Математика · Философија · Наука · Општество · Технологија уреди
ТИБЕТТибет (тибетски: བོད་, вајли: bod) е подрачје во Централна Азија, дом на тибетанскиот народ. Се наоѓа на просечна надморска висина од 4.900 м и често е нарекуван„Кров на светот“. Најголемиот дел од историскиот регион Тибет денес се наоѓа во составот на Народна Република Кина. Под поимот Тибет се подразбира големо подрачје под влијание на тибетската култура и се состои од традиционалните провинции Амдо, Кхам и У-Цанг (Дбус-Гцанг). Во составот на Народна Република Кина постои автономен регион Тибет, провинција која ги опфаѓа само У-Тсанг и западниот регион Кхам. Источниот дел на регионот Кхам и регионот Амдо се наоѓаат во составот на кинеските провинции Џинхаи, Гансу, Јунан и Сечуан. Прочитајте повеќе уреди
Избрана статијаНамцо (официјалнио Нам Цо, монголски:Тенгри Нур (Небесно езеро)) е планинско езеро во Тибет, Кина. Езерото се наоѓа на границата меѓу Дамксунг од префектурата Ласа и Баингоин од префектурата Нагќу, околу 112km северозападно од Ласа. Езерото лежи на надморска висина од 4,718m и зафаќа површина од 1,870km².Езерото е на најголема надморска висина од солените езера во светот и најголемото солено езеро во Тибет. И покрај то, не е најголемото езеро во историјата на географски Тибет. Најголемо, сепак е езерото Кингаи (речиси двојно поголемо), но поради промената на границата од 1965, тоа и припаѓа на Кина и е најголемо езеро во оваа земја. Прочитајте повеќе уреди
Избрана биографијаНгаванг Лозанг Гјацо, Петтиот Далај лама (1617-1682) бил тибетански политичар и религиозен водач од XVII век.Тој е првиот Далај лама со политичка моќ во централен Тибет, а е наречен и Величествениот петти Далај лама. Лозанг Гјацо е роден во познатото семејство Захор чиешто седиште во XIV век била тврдината Тагце којашто била упоричте на тибетанските кралеви.Неговиот татко Дудул Рабтен бил уапсен во 1618 бидејќи за него сметале дека е вмешан во планот против кралот од Цанг, речиси во исто втреме кога учењето Гелуг го избрало неговиот син за реинкарнација на Јонтен Гјацо. Дудул Рабтен избегал со цел да стигне до источен Тибет, меѓутоа бил фатен и никогаш не се видел со својот син до неговата смрт во 1626 година во Самдрупце,тврдината на кралот од Цанг во Сигатсе.На семејството на Лозанг Гјатсо им било наредено да живеат во тврдината Самдрупце, но неговата мајка се плашела од кралот и се вратила заедно со својот син во семејниот дом во тврдината Наркатсе во Јардонг. уреди
Избрана сликауреди
Дали знаете...
|
