Портал:Струмица

Од Википедија — слободната енциклопедија
уреди   

СТРУМИЦА

Струмица е град во Република Македонија која се наоѓаат на 41 22 северна географска широчина и 22° 35’ и 23° 45’ источна географска должина, го зафаќа крајниот југоисточен дел од Република Македонија веднаш под тромеѓето на меѓудржавните граници со Грција од југ и со Бугарија од исток. Со своите 35 311 жители е еден од поголемите градови во државата и претставува најголем културен, трговски и политички центар во овој регион.

уреди   

Избрана статија

Црквата “Св.петнаесет тивериополски маченици“ е христијански храм кој се наоѓа во Струмица. Преданието за Св. Петнаесетте Тивериополски Маченици се одржал до дененс. Првото нивно спомнување се наоѓа во Охридското глаголско евангелие од крајот на 10 век и почетокот на 11 век. Во месецословот што е додаток на евангелието се одбележува поменот на Струмичките маченици. Од Базиликата е зачуван дел од апсидата на источната страна, северниот периметрален ѕид и основата на северниот стилобат. Подоцна над базиликата е изградена крстовидна црква. Изградбата на крстовидниот храм мартириум врз разурнатиот базиликален објект постои можност да бил изведен во текот на V век, или посигурно во VI век, во времето на Јустинијан, кога се обновени и ремоделирани многу запуштени храмови во Македонија.

уреди   

Дали сте знаеле...

уреди   

Избрана слика

уреди   

Избрана биографија

Борис Трајковски (Струмица, 25 јуни 1956 година - Мостар, 26 февруари 2004 година) беше македонски политичар, втор претседател на Република Македонија, во периодот од 15 декември 1999 година до 26 февруари 2004 година, кога почина во трагична смрт во авионска несреќа. Борис Трајковски дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1980 година, специјализирал деловно право и право на работни односи. До 1997 година е раководител на правната служба на градежното претпријатие „Слобода“ од Скопје, од 1997 до 1998 година е шеф на Кабинетот на градоначалникот на Општина Кисела ВодаСкопје, а од 21 декември 1998 година е заменик министер за надворешни работи на Република Македонија во десно-центристичката влада предводена од Љубчо Георгиевски. Траjковски исто така беше претседател на Комисијата за надворешно - политички односи на ВМРО-ДПМНЕ, главен политички советник за надворешна политика на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, член на Претседателството на невладината организација Паневропско движење за Република Македонија, член на меѓународната конференција: "Решавање на конфликти" со седиште во Атланта, САД, учествувал на многубројни меѓународни конференции со тема решавање на конфликти, религиозна толеранција, религиозна слобода, бил претседател на младината на Обединетата методистичка црква во поранешна Југославија повеќе од 12 години.

уреди   

Категории